Вести

Омразата и негативните чувства се резултат на сè поголемиот пад на професионалните стандарди

adamceАвтор: Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ

Говорот на омраза, дискриминацијата и дезинформациите, последниве години, станаа обележје  на новинарството кај нас. Претежно ги има во онлајн медиумите, но не се исклучени и во некои електронски и печатени медиуми.

Последиците од ваквото новинарство се околу нас. Доволно е да се видат коментарите во онлајн медиумите или контактните емисии на телевизиите и радијата. Се дезинформира, се дискриминира, се поттикнува  агресија. И сè тоа под превезот на слобода на изразување. Како никој да не е загрижен за она што се случува под објавен текст. Исто така, многу тенка е линијата која новинарите-водители им ја оставаат на гледачите и слушателите, кои лесно можат да ја преминат и да ги нарушат правилата и нормите.

fullМедиумите и граѓанскиот сектор се клучни актери во процесите на превенција и справување со феномените како што се дискриминацијата, дезинформациите и говорот на омраза, кои во изминатата година беа во пораст во јавната сфера во Северна Македонија. Медиумите се еден од актерите кои имаат голема одговорност во однос на заштита на публиката од дискриминација и говор на омраза, како и во пресретнувањето на дезинформациите кои водат кон создавање на овие појави.

dragan sekulovskiАвтор: Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија

Аксиомата дека „кажаниот збор може да убие“ не можела да се побие во филозофската дебата во историјата, а од денешен аспект, земајќи го предвид информацискиот прогрес и глобализацијата, ризикот од злоупотребата на слободата на изразување и нарушување на безбедноста на луѓето е поголем од кога било. Прашањето во денешно време кое се наметнува е дали кажаниот збор може да убие повеќе отколку во минатото?

IMG 20201029 185448Автор: Арта Тахири, уредник на вести и на емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М

Говорот на омраза е присутен не само во онлајн медиумите, или популарно кажано порталите, интернет просторот и социјалните мрежи, туку и на телевизија, радио, во пишаните медиуми, во политичките говори и други јавни обраќања, на јавните собири - митинзи, протести и на спортските натпревари.

Youthforum portrait NH 10Автор: Моника Аксентиевска, Институт за комуникациски студии

Социјалните мрежи го сменија начинот на кој се информираме овозможувајќи ни брз и едноставен пристап до информации. Исто така, ни дадоа и платформа за слободно изразување и поттикнување социјални промени. Од друга страна, пак, слободата секој да биде креатор на содржини ги откри некои од негативните страни на социјалните мрежи, како ширењето дезинформации и говор на омраза, онлајн малтретирање, измами итн.

Овие појави станаа уште поизразени за време на пандемијата со ковид-19. Како се ширеше коронавирусот, така на социјалните мрежи се ширеа теории на заговор, гласини, дезинформации и говор на омраза. Ова е особено поразително, бидејќи можноста која ја даваат социјалните мрежи за поврзување на различни луѓе во онлајн заедници кои ќе промовираат прифаќање на различностите, заедништво и инклузијата се злоупотребува за креирање ксенофобична средина, ширење паника и страв.

Плодна дискусија и разновидна дебата во која беше направен вистински пресек и приказ на тоа како се претставени ранливите категории во македонското општество и со какви предизвици се соочуваат тие за да си го изборат заслуженото место во него. Затоа што секој човек е еднаков со другиот, и тие не треба постојано да го докажуваат тоа.

Вака накусо, со неколку зборови, може да се каже резимето на работилницата насловена како “Против стереотипи и дискриминација со инкулузивно медиумско известување“, организирана од Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, на која повеќе релеватни познавачи на статусот на ранливите категории говореа првенствено како тие се претставени во јавноста од медиумите и како воопшто јавноста ги перцепира нив, низ призмата на медиумското известување.

erdem.ademАвтор: Ердем Ахмет, новинар, член на Комисијата за жалби на СЕММ

„Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“. Доколку медиумите би ја следеле оваа мудра мисла на Конфучиј ќе немаше содржини со говор на омраза, предрасуди, дискриминаторен говор и стереотипи поврзани со различностите. Ќе имаше дебата и несогласувања како и сега, но ќе се внимаваше на зборовите.  Ќе се почитуваа различностите. Вака како што сега стојат работите никој не е сигурен дека нема да биде вербално нападнат само поради етничката припадност, род, старост, раса, религија, попреченост, сексуална орентација, политичко убедување….

vesna ivanovska ilievska 1Автор: Весна Ивановска-Илиевска, новинарка

За изложбите на ликовната уметница Афердита Кики имам напишано повеќе најави, сите објавени на страницата за култура во весникот „Дневник“, каде работев 17 години. Отсекогаш ми се допаѓаа нејзините дела. Но, ете, никако не се погоди момент да се сретнеме и да поразговараме за нејзиното творештво. Се сретнавме случајно, на доделување на некои награди. Одамна немав сретнато личност со толку впечатлива енергија. Силна, но бескрајно питома. Како да ја познавав цел живот. Патериците одвај ги забележав.

дандоновавтор: м-р Дејан Андонов, стручњак за медиуми и комуникации

Онлајн просторот и социјалните медиуми станаа централни места кадешто младите луѓе истражуваат нови идеи, го изразуваат својот идентитет и учествуваат во поширокото општество. Но, во исто време, може да бидат злоупотребени од оние кои сакаат да ги користат за омаловажување, навреда и силеџиство. Казнените одредби повеќе не се доволни за да се спречи говорот на омраза, туку се потребни и образовни мерки за решавање на овој општествен проблем.

зоран фиданоскиавтор: Зоран Фиданоски, новинар, член на Советот на АВМУ  

Постојат мноштво дефиниции и научни објаснувања за тоа што е синергијата, што претставува и какви се нејзиното значење и вредност. Сублимирано во неколку збора, таа е енергија што настанува при заедничко работење и дејствување. Потекнува од грчкиот збор “synergos“ и со неа, всушност, се опишува состојба кога целината што се создава е поголема и повредна со збирот на нејзините делови.

Кои се точките за кои може да се постигне синергија меѓу регулаторот за електронски медиуми, саморегулаторното тело и Oмбудсманот? Постојат неколку, но сигурно е дека говорот на омраза и дискриминацијата е најзначајната меѓу нив. Таа отвора широко поле за дејствување и соработка која ја имаше и во минатото, но сигурно е дека треба да се зголеми и по обем и по квалитет и во иднина.

1 1автор: Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ

Граѓанските организации кои работат на промоција на човековите права, како и оние во медиумскиот сектор редовно иницираат јавни дебати за опасноста од говорот на омраза и последиците кога тој не се санкционира.

На овие дебати учествуваат меѓународни и локални познавачи на теми поврзани со говорот на омраза, дискриминацијата и слободата на изразување и се дискутира за новите трендови во земјата и регионот по однос на овие прашања. Ретко, а можеби и никогаш овие теми јавно не се отвораат од страна на институциите на извршната власт или правосудството. Зошто е тоа така?

Наташа Стојановиќавтор: Настасија Стојановиќ, МЦГО

Поттикнати и образовани млади луѓе, кои ги препознаваат своите улоги во општеството, се клучот за позитивни промени во сегашноста, но и во иднината. Многу често слушаме дека младите се иднината, но за да бидат двигатели на позитивни промени во иднина, тие мора уште денес да бидат одговорни и активни граѓани. Најважната улога во овој процес ја има образованието и ме радува што оваа улога е и препознаена.