AIPCE е слободна мрежа на независни регулатори за печатени и електронски медиуми. Нејзините годишни конференции обезбедуваат форум за претставниците на советите за етика во медиумите да разговараат за актуелни прашања, да разменуваат идеи и да понудат и да добијат соодветна помош. Не постои формално членство и централен секретаријат.
Наместо веднаш да поднесат тужба за навреда и клевета против новинарите, граѓаните кои се почувствувале засегнати од неодговорно медиумско известување, можат претходно да достават преставка до Советот за етика во медиумите.
Меѓународната соработка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се продлабочи со мошне корисна средба со колегите од Советот за печат на БиХ
Членови на Комисијата за жалби при СЕЕМ, Мирче Адамчевски, претседател и Филип Ѓурчиновски и Теофил Блажевски членови, по претходна покана, минатиот викенд присуствуваа на седница на Жалбената комисија на Советот за печат на БиХ.
Редовното годишно Собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ќе се одржи на 27 мај (среда), со почеток во 11 часот, во хотелот Квинс, Трговски центар „Зебра“, Скопје.
Советот за етика во медиумите на Македонија, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, апелира да продолжи дискусијата за враќање и подобрување на медиумската одговорност и довербата на јавноста во новинарската професија. Слободните медиуми се неопходен предуслов за силна демократија и тие не смеат да бидат неетички, некоректни и недемократски, како и промотор на пристрасна и идеолошка дебата.
Саморегулацијата е систем на правила што ги воспоставуваат медиумите за да го заштитат сопствениот бизнис и да стекнат поголема доверба кај јавноста. Суштината на медиумскиот бизнис лежи во информациите, т.е. испорачување на вистина преку вистинито, објективно и целосно информирање на јавноста и сето тоа сторено со почитување на етичките правила. На тој начин, со саморегулацијата се штитат и универзалните човекови права – слобода на изразување и право на информирање (слободни и професионални медиуми)
Принципот на саморегулација - од идеја до реализација и формирањето и првите искуства на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) беа презентирани на јавни дебати во овие градови.
Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, е главната тема на дебатите на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 23 април во Битола и 24 април во Охрид.
Претставници на Советот за етика во медиумите на Македонија учествувааа на Регионалната конференција за саморегулација на медиумите, која се одржа на 26 и 27 март 2015 година, во Белград. Конференцијата беше организирана од Совет на Европа, во рамки на проектот “Унапредување на слободата на изразување и информирање и слобода на медиумите во Југоисточна Европа”.
Канцеларијата официјално започна со работа во Јануари, 2015 година.
Советот за етика во медиумите на Македонија е саморегулаторно тело кое работи на унапредување и заштита на професионалните стандарди и етиката во медиумите во Република Македонија.
Во рамки на советот дејствува советодавно тело, Комисија за жалби, која одлучува по поднесени жалби за прекршување на професионалните и етичките стандарди во медиумите.
Жалба може да достави секој граѓанин, правни лица и други претставници на јавноста, вклучувајќи ги и новинарите. Адреса за контакт „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 54/2, Скопје или преку email: info@semm.mk
Членовите на Управниот одбор и на Комисијата за жалби на Советот за етика (СЕММ) во јули и во октомври годинава одржаа две работилници со независниот експерт од Велика Британија, Дитер Лорејн за подготовка на Стратегијата за работа на оваа организација.
Во организација на Советот на Европа, претставници на Управниот одбор на Советот за етика на Македонија и на Комисијата за жалби во мај годинава беа во студиска посета во Берлин, каде се запознаа со начинот на работа на ваквото тело во Германија.