Вести

DSC 3688rавтор: Мартин Петровски

По почетокот на глобалната криза која настана поради пандемијата, редакциите на медиумите, како во светот, така и во државата се соочија со бројни предизвици. Со оглед на брзината на ширење на КОВИД-19, раководството на медиумите се најде исправено пред предизвикот да носи одлуки за тоа како да се одржи работењето на редакцијата чија работа, примарно, се заснова на контакт со луѓе, дури и во услови кога експертите за јавно здравје и владините претставници наметнуваа социјална изолација.

Претставници на професионалните медиумски и новинарски организации во државата, студенти по комуникации, претставници на граѓанскиот сектор и новинари учествуваа на дебатата што се реализира на 27 август 2020 година.

УНЕСКО ја поздрави иницијативата на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) за наградување на професоналните заложби на новинарите во известувањето за здравствената криза и нејзините предизвици

Интервју со Дафне Коен, Секретар на Советот за етика во медиумите, Холандија

Интервју со Питер Кнапен, генерален секретар и Омбудсман во фламанскиот Совет за етика во медиумите, Белгија

Пренос во живо од седницата на Комисијата за жалби

Медиумите мора добрo да ги проверат своите информации и извори, a новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Исто така, треба да внимаваат и на речникот и термините што ги користат.

Претседателката на СЕММ во интервју за МРТ зборува за Регистарот на професионални медиуми и значењето што тој треба да го има во борбата за професионализација на интернет просторот, но и за останатите тековни активности на СЕММ и мисијата на саморегулацијата.

“Медиумска саморегулација – резултати, предизвици, перспективи” е тема на дебатата што денеска ја организираше Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во Битола.

Онлајн медиумите кои како странки се јавуваат пред првостепените граѓански судови при одлучување во постапки за навреда и клевета мора да имаат ист третман како и традиционалните медиуми. Ова е одлуката на четирите апелациони судови во Република Северна Македонија.