Да се заштити јавноста од непрофесионалните новинари и медиуми, да им се помогне на сопствениците на медиумите да не плаќаат високи казни поради непрофесионален новинарски кадар е целта на Советот за етика на медиумите.
Граѓани, правни лица и медиуми доколку се навредени од медиумите ќе можат да се пожалат до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите етика кој започна да функционира.
Целта ќе биде заштита од непрофесионалното новинарство.
Откако комисијата ќе ја разгледа жалбата доколку одлучи дека се повредени стандардите јавно ќе го осуди медиумот кој не води грижа за професионалните стандарди.
Очекувањата се да се намали и бројот на тужби против новинари.