Во просториите на СЕММ денеска се изврши примопредавање на опремата на наградените од Конкурсот за најдобри новинарски стории на тема „Инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието“.
Медиумите честопати се нарекуваат четврти столб во демократијата. Тие имаат клучна улога во следењето и истражувањето на работењето на јавните институции и навремено информирање на јавноста. Сепак, медиумите и новинарите не се имуни на корупција. Иако постои само ограничено истражување и свесност за корупцијата во медиумите, постои широк консензус дека развојот на независни, законски заштитени, професионално управувани и економски одржливи медиуми за вести, е од суштинско значење за обезбедување на отчетни, одговорни и етички медиуми.
Целта на овој Прирачник, пред сè, наменет за медиумските работници и новинари, е да ја подигне свеста за ризиците од корупција во медиумите (печатените и електронските) како и давање на соодветни препораки за нивно намалување, како и препораки за зајакнување на улогата на медиумите во борбата против корупцијата.
Советот за етика во медиумите на Македонија се приклучува кон позицијата на колегите од Синдикатот на новинари и медиумски работници. Повеќе информации: ССНМ: Имаме право да известуваме, но и да имаме став
Одбележување на 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите
Дебата на СЕММ: Потребна е поддршка за саморегулацијата и спроведување на медиумските реформи
Напредокот во спроведувањето на медиумската саморегулација, медиумските реформи, безбедноста и заштитата на новинарите и медиумските работници беа дел од темите за коишто денеска дискутираа претставници на СЕММ и ЗНМ со Шефот на Делегацијата на ЕУ во државата.
На најголем дел од онлајн медиумите во Македонија им одговара да ги користат социјалните мрежи за да ги пласираат своите содржини, да имаат поголем публицитет и со тоа побројна публика. Сепак, некои сметаат дека социјалните мрежи ги ограничуваат размислувањата на публиката, не создавајќи ѝ навики да истражува, да пребарува информации и да ги прошири знаењата.
Двајца претставници на СЕММ, на покана на Здружението на новинари на Македонија, учествуваа во панелот за оценување на показателите во Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан.
Сараево, 18 ноември 2021. Советите за етика во медиумите од Југоисточна Европа, на регионалниот состанок во Сараево од 16 до 18 ноември 2021 година, за првпат усвоија заедничка Декларација која повикува на јакнење на советите во дигитално - информатичкиот екосистем.
Регистрирајте ги вашите проекти и алатки за медиумска и информатичка писменост кои се спроведуваат во Југоисточна Европа и Турција на веб линкот за платформата и обезбедете го својот придонес на веб-страницата за тековната состојба со МИП во регионот.
Регистарот на СЕММ за професионални онлајн медиуми, придобивките од него и предизвиците во спроведувањето таков тип иницијативи беше тема на вебинарот што го организираше Советот за етика во медиумите на Македонија на 2 јули 2021 година.