РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ на Советот за етика во медиумите на Македонија, ќе се одржи на 12 април 2019 година (петок), со почеток во 11 часот, во хотелот “Квинс”, во трговскиот центар “Зебра”, во Скопје.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање.
„Самоодржливоста на советите за етика – мит или реалност за балканскиот регион и Турција” е тема на денешната регионална конференција што Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организира во Скопје, во присуство на учесници од советите за етика во соседните држави.
Во пресрет на претседателските избори, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска организираше „Отворен ден“ во општина Гостивар, во рамки на кој се одржа седница на Комисијата за жалби при што се дискутираа добиени жалби за неетичко известување во медиумите.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува односот на застапникот на раководството на 1 ТВ Бојан Јовановски кон новинарката на Макфакс Мери Јордановска по повод нејзините критики за емисијата „Инсајдер“ емитувана на оваа телевизија.
Показателите за бројот и видот на претставките упатени до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на минатата година покажуваат дека етичките и професионалните стандарди на новинарството најмногу се прекршуваат од онлајн медиумите (76,5%), а потоа од телевизиите (17,6%), а од печатените весници и неделниците (4,4%).
На денешната прес-конференција во ЕУ Инфо центарот, во Скопје, беше соопштено дека е формирана Мрежа за борба против говор на омраза во медиумите, чиј иницијатор и координатор е Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Советот за етика во медиумите (СЕММ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ, утре (среда), со почеток во 10:30, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, организира прес-конференција, на која јавноста ќе ја информира за формирањето на Мрежата за борба против говор на омраза во медиумите.
Делегацијата на Европската Унија, во партнерство со Советот за етика во медиумите, синоќа ја додели наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија, како и за најдобра репортерска и аматерска фотографија.
Утре, 12 декември 2018, во 19:00 часот, во МКЦ Клуб ресторанот во Скопје, Амбасадорот Самуел ЖБОГАР и почесниот претседател на жирито за наградата Жан Моне, Надежда ГАЧЕ ќе ги објават победниците на овогодинешните награди за најдобра новинарска сторија, најдобра професионална фотографија и најдобра аматерска фотографија.
“Саморегулацијата во медиумите, интересот на јавноста и граѓанска вклученост“ е тема на дебатата што ја организираше Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска, во Охрид.
Слободата на медиумите, слобода на изразувањето и саморегулацијата беше тема на денешната конференција што Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираше во Битола.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска, вторник, 6 ноември, со почеток во 11:15 часот, во хотел Милениум во Битола, организира конференција на тема "Слобода на изразување, медиумски слободи и саморегулација".
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) остро реагира на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, државната агенција МИА да ги открие своите извори.
Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика на медиумите во Македонија, усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите.
Советот за етика во медиумите на денешната прес-конференција ги соопшти наградите од конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на општествено – социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи.
Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на независни новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија остро го осудуваат повикот за насилство на лицето Цветин Чилиманов, вработен како новинар во Македонската информативна агенција, кој вчера преку Твитер побара од македонските таксисти да ја силуваат новинарката Валери Хопкинс кога ќе се качи во нивното возило затоа што не му се допаѓаат нејзините текстови за состојбата во Македонија.
Почитувани,
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 5 октомври (петок), со почеток во 10:30 часот, во ЕУ инфо центарот, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат соопштени добитниците на наградите за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредување на човековите права и промовирање на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани.
На настанот ќе се обрати и шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, а наградите ќе ги соопшти претседавачот на жирито Санта Аргирова.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕЕМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името.