Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во интерес на подобро информирана јавност и побезбедни новинари и медиумски работници при извршување на нивните секојдневни професионални обврски, подготвија публикација со наслов: „Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“.
Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информираат дека веб-страницата на која што се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста. Во моментот Регистарот го сочинуваат 101 онлајн медиум, кои објавуваат содржини на повеќе јазици.
Последниот случај на вознемирување, навреди и онлајн притисоци врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, од лице вработено во Царинската управа на Македонија, е уште еден показател на тенденциите за попречување на работата на новинарите во известувањето за прашања од јавен интерес.
Во врска со појавата на случај на корона вирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста.
На прес-конференцијата денес во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите, повикаа на свесност за спречување на говорот на омраза во медиумите, особено во предизборниот период.
Советот за етика во медиумите, Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, утре - 05.02.2020, со почеток во 11 часот, во хотел „Арка“ организираат прес конференција за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на предизборниот период.
ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон А1он
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на дрскиот однос на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи кон новинарите на А1он. Министерката упати демант до редакцијата полн со обвинувања и клевети поради текст со наслов „Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ објавен од медиумот.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го објавија регистарот на професионални онлајн медиуми, кој има 70тина членки.
Покана до медиумите
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 18 ноември (среда), со почеток во 11:00 часот, во Европската куќа во Скопје (поранешен ЕУ инфоцентар) организираат прес-конференција на која јавноста ќе ја информираат за резултатите од креирањето регистер на професионални онлајн медиуми. Кон процесот за креирање на регистерот се приклучи и Стопанската комора на Македонија.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 29 октомври (вторник), со почеток во 11:00 часот, на Универзитетот на Југоисточна Европа (Конференциска сала во Ректоратот на УЈИЕ) во Тетово организира дебата на тема “Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности“.
Како дел од заложбите за заштита и промоција на професионалното новинарство, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во соработка со Здружението на новинари на Македонија, информира дека е во тек постапката за обновување и ажурирање на членството на онлајн медиумите во саморегулативното тело. Постапката се одвива според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а кои тековно се консултираат со новинарската и медиумската заедница и се достапни на следниов линк: https://www.semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo.
„Саморегулацијата е цврсто настојување на медиумските професионалци да го одржуваат дијалогот со јавноста. Процесот на етаблирање на саморегулацијата е долг, но резултатите од него се поквалитетно новинарство, заштитен интегритет на медиумите, квалитетни информации за граѓаните, ослободување на влијанијата од центрите на моќ и заштита на слободата на изразување“, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ, на денешната дебата на СЕММ во Прилеп.
Вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи суетен новинар да ја симне Владата од власт, СЕММ ја оценува како недолична и несоодветна од носител на јавна функција.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат недоличното обраќање на новинарката на Македонската радио телевизија Марија Котовска на Фејсбук кое содржи повик за мобилизирање за време на прославата на Илинден на Мечкин Камен.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) се сериозно загрижени поради целосниот застој на постапката за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија.⁰
Во пресрет на Парадата на гордоста, што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повикуваат медиумите да известуваат професионално и одговорно, третирајќи ги темите што ја засегаат ЛГБТ заедницата низ призма на афирмација на човековите права и осудувајќи го говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика на медиуми во Македонија (СЕММ) остро го осудуваат експлицитниот говор на омраза кој беше присутен и пренесен во дел од медиумите во државата, а по повод прославата на победата на ракометниот клуб „Вардар“.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), по повод Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 мај потсетуваат на потребата од сериозен ангажман на сите релевантни актери околу крупните реформски чекори во медиумскиот сектор во државата.
Денеска Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми се приклучи на Мрежата за борба против говорот за омраза во медиумите, чиј иницијатор и координатор е Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).