Соопштенија

SSNM ZNM MIM SEMM

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на најавата на Владата за враќање на праксата на плаќање на медиумски кампањи со јавни пари во приватните медиуми.

Guidelines on inclusive media reporting during Covid 19 Page 01

УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“ на авторката Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Целта на Насоките е  се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите. „Во текот на пандемијата, за жал, бевме сведоци на тоа како различноста сè повеќе се користи како основа за виктимизација, ширење лажни обвинувања, теории на заговор и говор на омраза кон немнозинските заедници. Оттука, медиумите мора да имаат многу поактивна улога во поттикнувањето разбирање и прифаќање на различноста меѓу луѓето. Инклузивното известување може да ги спречи овие деструктивни појави“, вели во интервју за УНЕСКО Марина Тунева. Анализите, додава Тунева, покажуваат дека недоволната застапеност и стереотипното претставување на немнозинските групи во општеството не е само карактерично за Македонија или регионот, туку и за Европа и пошироко.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудува говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикува надлежните органи и институции, пред се МВР и ЈО веднаш да реагираат, за да се стави крај на ваквите напади бидејќи тие директно задираат во слобадата на изразување и слободата на медиумите.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го осудуваат говорот на омраза против тимот на невладината организација „Метаморфозис“ што интензивно се шири на социјалните мрежи по објавувањето на текст во порталот „Лидер“ со наслов „(ФОТО) ова се луѓето кои бришат содржини од Фејсбук во Македонија“.  

По сообраќајната несреќа што се случи вчера, на улица Рузвелтова во Скопје, од чии последици животот го загуби едно лице, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари (ЗНМ) со загриженост реагираатна ширењето шпекулации и невистини преку некои медиуми, како и на сензационалистичкото известување во врска со овој настан. 

Press council analysis Page 01Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштитана приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми досоветите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела-членки илипридружни членки на Алијансата занезависни совети за етика во медиумите воЕвропа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.

Во Извештајот за напредокот на земјата интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, а во делот поврзан со слободата на изразување се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на ЗНМ и СЕММ, како механизам за саморегулација во оваа сфера низ доброволно приклучување на медиумите. Токму главната цел на овој Регистар е да ѝ помогнеме на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат критериумите за членство и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење и оваа идеја е препознаена од страна на Европската комисија. 

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО - ДПМНЕ.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес.

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите од конкурсот за најдобри новинарски трудови поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), предизвиците и последиците од неа. 

Со години забележуваме примери  на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, што нè исправило пред дилемата: дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата?

Советот за етика во медиумите (СЕММ) продолжува да реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на коронавирусот. Едностраното и шпекулативното известување во вакви услови може дополнително да ја зголеми вознемиреноста и паниката и да поттикне нерационално однесување од страна на граѓаните.

Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) реагира на тенденцијата на медиумите во последните денови да шпекулираат со број на новозаразени и починати граѓани како последица на коронавирусот.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие.

СЕММ се приклучува на кампањата на УНЕСКО по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод 3ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, повикува на зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и независноста на медиумите, како и на заштита на новинарите и медиумските работници во исполнувањето на нивната одговорност за професионално информирање во интерес на јавноста.

Советот за етика во медиумите се приклучува на кампањата на УНЕСКО за адресирање на дезинформациите околу COVID-19, во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција – фаза 2“.  

Креирањето на Регистарот на професионални онлајн медиуми на СЕММ и ЗНМ, во Извештајот за глобалната слобода на медиумите за 2020 година на Репортери без граници, се оценува како иновативно постигнување.

Со оваа иницијатива се промовира саморегулацијата на онлајн медиумите од кои се очекува да го почитуваат Кодексот на новинарите и одлуките на Советот за етика во медиумите.

Во моментот, Регистарот брои над 100тина членови. Процесот на зачленување медиуми е отворен, а повеќе информации околу правилата за членство се достапни на: https://semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на коронавирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги потсетуваат медиумите дека продолжува да биде отворена постапката за зачленување во Регистарот на професионални онлајн медиуми на овие две организации (Promedia.mk).