СЕММ ги потсетува своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак на незадоволство за начинот на кој што известуваат од меѓувладината конференција во Брисел. Со самото тоа, како актуелен пратеник и лидер на политичка партија, негативно влијае врз слободата на изразување и квалитет на јавната дебата.
Деновиве во собранието циркулира проблематичен предлог за измена на медиумските закони преку кој се брише активната забрана за владино рекламирање во приватните медиуми и истовремено се предвидуваат огромни суми за радиодифузерите од буџетот на граѓаните и тоа не само на централно, туку и на локално ниво.
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Здружението на новинари на Македонија, Синдикатот на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија се приклучуваат кон ставот на Европската федерација на новинари(European Federation of Journalists - EFJ) дека затворање на руски медиуми или препорака за прекин на нивно емитување може да биде контрапродуктивно и дека не е вистински начин за борба против дезинформациите и пропагандата.
Советот за етика во медиумите и Здружението на новинари на Македонија, по почетокот на воените дејствија во Украина, ги повикуваат медиумите да информираат со максимална одговорност и професионалност, без да придонесуваат во ширењето шпекулации и невистини во јавноста.
РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ на Советот за етика во медиумите на Македонија, ќе се одржи на:
28 декември 2021 година (вторник), со почеток во 11 часот, во хотел Солун, во Скопје.
Да се избегнува дискриминација, стереотипи и сензационалистички начини на известување за децата и младите, да се почитува и афирмира нивниот дигнитет и да им се обезбеди пристап до медиумите за да ги искажат своите гледишта.Ова се дел од Препораките за етичко известување за млади и деца кои Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) ги изработи во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во консултација со професионални медиумски и новинарски организации.
На 25 ноември се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. СЕММ и ЗНМ континуирано го осудуваат секој вид насилство врз жените, вклучувајќи го и она врз новинарките и медиумските работнички.
По сообраќајната несреќа што рано изутрината се случи во Бугарија, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) апелира до медиумите да известуваат со целосна одговорност, врз основа на проверени информации и релевантни извори, без шпекулации околу причините за несреќата.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се приклучи на повикот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за истражување и соодветно постапување во однос на последните инциденти што се случија врз новинарите за време на изборната кампања.
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Датум на средба/настан: 21.09.2021
Тема/наслов на настанот: Саморегулацијата и нејзиниот развој и предизвици
Регион: Источен
ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Датум на средба/настан: 15.09.2021
Тема/наслов на настанот: ,,Саморегулацијата и нејзиниот развој и предизвици’’
Регион: Југоисточен