Проектните активности се финасисрани преку акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“, во периодот од јуни 2017-та година до јуни 2018-та година.
Во рамките на Проектот се спроведуваа следните активности:
- Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
- Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
- Отворен ден за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
- Учество на двајца претставници на СЕММ на годишниот состанок на Алијансата на независни Совети за етика во Европа.
- Организирање на дводневна работилница во Македонија, за споделување на искуства со пет претставника од Албанскиот Совет за етика.
- Организирање на посета на Совет за етика во ЕУ земја, со цел градење на капацитетите на СЕММ и споделување на искуства и предизвиците со кои се соочува Советот.