Емисии/Видеа на СЕММ

Работата на Комисијата за жалби при СЕММ во 2021 година.
109 донесени одлуки и мислења во 2021 година.
48 одлуки и мислења во кои е прекршен Кодексот на новинарите.
Граѓаните најмногу реагирале кога било нарушено етичкото и професионалното медиумско известување.

Да се примени концептот на инклузивно известување во медиумите подразбира да се даде простор да се слушнат различните гласови, перспективи, размислувања, барања и очекувања на ранливите и маргинализираните поединци и групи во општеството. Пандемијата потврди дека изостанува гласот на овие поединци во редовното медиумско известување, што можеби било случај и претходно, меѓутоа сега доаѓа многу повеќе до израз.

Повеќе во видеото на СЕММ:

Преглед на добиени жалби и донесени одлуки во 2020та година од Комисијата за жалби. Трендови во медиумското известување и запазувањето на етичките и професионалните стандарди, статистички преглед на најчести жалители и прекршувања.

Непознавањето на ризиците од злоупотребата на говорот и користењето на говорот на омраза дури и на социјалните мрежи може да предизвикаат општествени тензии кои би го нарушиле јавниот ред и мир.

Инклузивно новинарство е збир од вредносни судови (мислења, верувања и емоции), уреднички политики и практики на известување чија цел е да обезбедат вклученост на разновидни гласови во медиумската сфера. Инклузивно новинарство треба да обезбеди преиспитување на работата и специфичните постапки што ги спроведуваат новинарите, со цел да понудат решение и одговор за нееднаквостите што се резултат на несоодветно функционирање на социјалните структури. Погледнете ја дискусијата за повеќе информации од одржаната работилницата на СЕММ.

Претседателката на СЕММ во интервју за МРТ зборува за Регистарот на професионални медиуми и значењето што тој треба да го има во борбата за професионализација на интернет просторот, но и за останатите тековни активности на СЕММ и мисијата на саморегулацијата.

Медиумите мора добрo да ги проверат своите информации и извори, a новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Исто така, треба да внимаваат и на речникот и термините што ги користат.

Медиумската саморегулација подразбира ефективна поврзаност меѓу медиумите, индустријата и јавноста. Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) силен акцент во своето работење става на внатрешната поврзаност и зајакнување на капацитетите на своите органи за размена на информации и заедничко планирање на стратегискиот развој. Во тој процес, поврзаноста и редовната соработка со јавноста е од исклучително значење. Повеќе во видеото на СЕММ „Јавноста - клучен партнер за ефективна саморегулација“, подготвено во рамки на проектот „До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија“.

Проектните активности се имплементирани во рамки на акциски грант финансиран од проектот на УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“.

Оваа активност е поддржана во рамки на проектот финансиран од ЕУ и УНЕСКО „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа и Турција“.

into vid

Промотивно видео за конкурсот за наградата „Жан Моне“ во организација на Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите.

Проектните активности се финасисрани преку акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“, во периодот од јуни 2017-та година до јуни 2018-та година.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) организираше „Отворен ден“, на кој прв пат се одржа јавна седница на Комисијата за жалби. Членовите на Комисијата дискутираа три одлуки против медиуми, врз основа на последните примени жалби.