Конкурс

cover1

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)  објавува конкурс за најдобри новинарски стории поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), предизвиците и последиците од неа. 

Јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 мај 2020 година.

Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.

Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од:

  • прво место - 500 американски долари (во денарска противвредност)

  • второ место - 400 американски долари

  • трето место - 300 американски долари

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на следните линкови: МКД-КОНКУРС, ALB-KONKURS, CALL