Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објавува конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани.
Јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 мај 2016 година до 31 мај 2017 година. Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата. Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од:
- прво место - 700 евра (во денарска противвредност)
- второ место - 600 евра
- трето место - 500 евра