Конкурс

 semm usaidlogo

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Советот за етика во медиумите на Македонија објавува јавен повик за доставување понуди за консултантски услуги за потребите на активноста “Медиумска етика и антикорупција”

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГИ – Консултантски услуги за потребите на активноста “Медиумска етика и антикорупција”

Опис

Проектот на УСАИД за граѓанско учество го зајакнува дијалогот меѓу граѓаните и Владата за важни социјални прашања. Проектот го зајакнува конструктивното учество на граѓанските организации во врска со политики и прашања насочени кон антикорупција, транспарентност и владеење на правото, и го зголемува и одржува младинското учество во јавниот живот во Северна Македонија.

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја спроведува активноста “Медиумска етика и антикорупција”, чија цел е намалување на корупцијата во медиумите во Северна Македонија, со посебен фокус во онлајн медиумите.

Цели и задачи

Целта на ангажманот е реализација на истражување во кое ќе се проценат предизвиците поврзани со корупцијата и етиката со кои се соочуваат онлајн медиумите во Северна Македонија.

Реализацијата на целите на ангажманот ги вклучува следните задачи:

  • Дефинирање на методологија на истражувањето;
  • Собирање и анализа на податоци – собирање податоци преку индивидуални и групни состаноци со најмалку 20 онлајн медиуми од базата на членство на СЕММ, со цел да се проценат предизвиците со кои се соочуваат медиумите;
  • Изработка на истражувачки извештај на македонски јазик. Подготовка на извештај од истражувањето. Извештајот од истражувањето ќе треба да ги вклучи сите наоди од интервјуата со засегнатите страни, преглед на методологијата, заклучоци и препораки. Очекуван број на страници на извештајот е меѓу 15 и 20.

Критериуми

Консултантот може да биде физичко лице или правен субјект, а потребно е да има искуство во испорака и обезбедување услуги кои се предмет на набавката.

Консултантот треба да обезбеди и достави биографија од клучен експерт, кој што ќе биде директно вклучен во спроведувањето на предвидените активности.

Критериуми за клучниот експерт:

  • Високо образование од областа на општествените науки (политички, правни, социолошки); Магистратура или докторат во дадените области ќе се смета за предност;
  • Најмалку 5 години професионално работно искуство во спроведување истражувања, подготовка на анализи; за предност ќе се смета претходното истражувачко искуство во областа на медиумската етика, професионализам, саморегулација, итн.
  • Вештини за анализа, истражување и пренос на информации во писмена форма;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини.

Времетраење на ангажманот

Периодот на спроведување на задачите е 28.04.2022 – 15.05.2022. Точните датуми за активностите и целокупната динамика ќе се утврдат во договор со СЕММ.

Доставување понуди

Ги покануваме сите заинтересирани субјекти да достават понуда за горенаведениот јавен повик. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (за правни субјекти);
  • Портфолио на реализирани услуги во последните 5 години;
  • Техничка понуда (за правни субјекти и физички лица);
  • Финансиска понуда (за правни субјекти и физички лица);
  • Биографија на  клучниот  експерт  (претставена  на  некој  од  општо  прифатените обрасци), (за правни субјекти и физички лица);

Критериуми за избор

Изборот на консултантот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Во прилог е претставен уделот на секоја од компонентите на понудата во финалната оценка за избор.

Категорија

Удел

Експертиза на понудувачот во наведената област

40%

Предложен пристап и методологија

40%

Финансиска понуда

20%

ВКУПНО

100%

Начин на доставување на понудите

Понудата  се  доставува  по  електронски  пат,  целокупната  скенирана  документација се доставува на следната е-пошта: info@semm.mk

Краен рок на доставување на понудите е 27 април 2022 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се формулирани според условите на повикот нема да бидат земени предвид.

etikapress