Емисии/Видеа на СЕММ

Да се примени концептот на инклузивно известување во медиумите подразбира да се даде простор да се слушнат различните гласови, перспективи, размислувања, барања и очекувања на ранливите и маргинализираните поединци и групи во општеството. Пандемијата потврди дека изостанува гласот на овие поединци во редовното медиумско известување, што можеби било случај и претходно, меѓутоа сега доаѓа многу повеќе до израз.

Повеќе во видеото на СЕММ:

Преглед на добиени жалби и донесени одлуки во 2020та година од Комисијата за жалби. Трендови во медиумското известување и запазувањето на етичките и професионалните стандарди, статистички преглед на најчести жалители и прекршувања.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) организираше „Отворен ден“, на кој прв пат се одржа јавна седница на Комисијата за жалби. Членовите на Комисијата дискутираа три одлуки против медиуми, врз основа на последните примени жалби.

Проектните активности се финасисрани преку акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“, во периодот од јуни 2017-та година до јуни 2018-та година.

Промотивно видео за конкурсот за наградата „Жан Моне“ во организација на Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите.

Press-conference of the CMEM 05.09.2016

Прес-конференција на СЕММ за досегашните и претстојните активности - 29.06.2016 ЕУ Инфо Центар - Скопје

Добитници на институционален грант 2016 година 

Изјава на Марина Тунева, извршен директор на Совет за етика во медиумите на Македонија за радио СтрумицаНет

Медиумите мора добрo да ги проверат своите информации и извори, a новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Исто така, треба да внимаваат и на речникот и термините што ги користат.

Претседателката на СЕММ во интервју за МРТ зборува за Регистарот на професионални медиуми и значењето што тој треба да го има во борбата за професионализација на интернет просторот, но и за останатите тековни активности на СЕММ и мисијата на саморегулацијата.