Двајца претставници на СЕММ, на покана на Здружението на новинари на Македонија, учествуваа во панелот за оценување на показателите во Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан.
Показателите се однесуваат на четири димензии на Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан, односно правна и организациска средина, соодветна превенција, соодветен процес и вистинска безбедност.
Панелистите учествуваа во оценување на наративните објаснувања за секој индикатор, подготвени од страна на националниот истражувач за Северна Македонија и прегледани од двајца независни експерти.
ЗНМ го објави Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан во ноември 2021 година и е достапен на следниов линк: https://znm.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/MK-Safety-Index-MKD_FINAL.pdf