Вести

2018 11 28 091349

Денеска, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), организира дебата на тема “Саморегулацијата во медиумите, интересот на јавноста и граѓанска вклученост“, во хотел Милениум во Охрид со почеток во 11 часот.

Претставниците на СЕММ кои ќе учествуваат на дебатата ќе дискутираат за улогата и значењето на граѓанската вклученост во поддршката и унапредување на работата на телото за саморегулација во медиумите.

Ќе бидат претставени механизмите за учество на јавноста во работата на СЕММ и ќе се дискутира за можностите за идно поврзување и соработка.

Активноста е финансирана од ЕУ и е дел од Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“.