Вести

Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, утре (12 февруари), во 12:00 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе организира настан на кој ќе се потпишува Повелбата за етичко известување за изборите.

Потпис на Повелбата ќе стават медиумите кои ја прифатиле нејзината содржина и кои преку тоа се залагаат за афирмирање на етиката и професионалноста во известувањето. На настанот, покрај претставници на медиумите, ќе присуствуваат и претставници на меѓународната заедница во државата.