Вести

Советот за печат во Босна и Херцеговина, организираше широка кампања со медиумите кои припаѓаат на советот за печат, за да ги поттикне редовно да објавуваат на нивните веб страни или во нивните печатени изданија информацииза читателите за тоа како да поднесат претставка до Советот за печат на земјата.

Дневните весници " Oslobodjenje", "Vecernji list BiH"; списанијата "Start BiH", "BH Dani" и "Slobodna Bosna" и интернет порталите startbih.info, slobodna-bosna.ba, oslobodjenje.ba и klix.ba објавија јавен оглас, со следнава порака: "Искористете ги вашите права!
Граѓани: имате право на жалба за неточно известување во печатените и онлајн медиуми.”

Исто така, Советот за печат во Босна и Херцеговина организираше 20 радио емисии наречени 'Zoom- Зумирај го твојот глас во медиумите". Овие неделни емисии траеја околу 16 до 18 минути и се осврнуваа на различни теми поврзани со етиката во медиумите, слободата на медиумите и разните новинарски предизвици. Овие емисии се емитуваа низ целата земја и потоа беа ставени на располагање на Фејсбук страната на советот за печат.

Во Црна Гора, во септември и октомври 2015 година, беа организирании емитувани на Антена М радио, четири радио емисии, со цел да се дискутира новиот нацрт Кодекс за етика во Црна Гора, како и актуелните прашања во Црногорското новинарство и проблемите со професионалните и етичките стандарди на медиумите во Црна Гора. Емисијата беше емитувана секоја среда од 10 до 11 часот и беше водена од Соња Новаковиќ, новинарка во радио Антена М.