Наместо веднаш да поднесат тужба за навреда и клевета против новинарите, граѓаните кои се почувствувале засегнати од неодговорно медиумско известување, можат претходно да достават преставка до Советот за етика во медиумите.
Ова ново тело за саморегулација активно фунционира веќе шест месеци. Комисијата за жалби веќе постапувала по повеќе од 40 претставки, а граѓаните најмногу се пожалиле на говор на омраза во медиумите, незастапена втора страна, навреда, клевета и дискриминација.
Во последниот Извештај на УНЕСКО за медиумите и медиумската одговорност во земјите од ЈИЕ, работата на Советот е оценета како позитивна и професионална.
Оттаму препорачуваат мерки за подигнување на свеста во јавноста за потребите од саморегулација во медиумите, како и поголема соработка со високообразовните институции и судството.
Советот за етика во медиумите е формиран пред повеќе од една година, но активно работи шест месеци. Заштита на слободата на медиумите, спречување на влијанието на државата, политичките партии и другите центри на моќ врз медиумите, како и намалување на цензурата и самоцензурата се дел од целите на Советот за етика во медиумите.
Веста е превземена од 24vesti.mk