Вести

semm 

Одбележување на 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите

eu      euzatebe semm CIVICA

Дебата на СЕММ: Потребна е поддршка за саморегулацијата и спроведување на медиумските реформи

Напредокот во спроведувањето на медиумската саморегулација, медиумските реформи, безбедноста и заштитата на новинарите и медиумските работници беа дел од темите за коишто денеска дискутираа претставници на СЕММ и ЗНМ со Шефот на Делегацијата на ЕУ во државата.

et1 1

На најголем дел од онлајн медиумите во Македонија им одговара да ги користат социјалните мрежи за да ги пласираат своите содржини, да имаат поголем публицитет и со тоа побројна публика. Сепак, некои сметаат дека социјалните мрежи ги ограничуваат размислувањата на публиката, не создавајќи ѝ навики да истражува, да пребарува информации и да ги прошири знаењата.

et1 1

Двајца претставници на СЕММ, на покана на Здружението на новинари на Македонија, учествуваа во панелот за оценување на показателите во Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан.

semm znm1

Сараево, 18 ноември  2021. Советите за етика во медиумите од Југоисточна Европа, на регионалниот состанок во Сараево од 16 до 18 ноември 2021 година, за првпат усвоија заедничка Декларација која повикува на јакнење на советите во дигитално - информатичкиот екосистем.

Регистрирајте ги вашите проекти и алатки за медиумска и информатичка писменост кои се спроведуваат во Југоисточна Европа и Турција на веб линкот за платформата  и обезбедете го својот придонес на веб-страницата за тековната состојба со МИП во регионот.

Регистарот на СЕММ за професионални онлајн медиуми, придобивките од него и предизвиците во спроведувањето таков тип иницијативи беше тема на вебинарот што го организираше Советот за етика во медиумите на Македонија на 2 јули 2021 година. 

„Говорот на омраза, дискриминацијата и исклучувањето на гласот и перспективите на маргинализираните групи е сериозен проблем, а медиумите имаат исклучително важна улога во известувањето за различностите и градењето вистинско инклузивно општество“, истакна Илона Казарјан, раководителка на Отсекот за комуникации и односи со медиумите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на работилницата „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19“. На настанот, којшто го организираше Советот за етика во медиумите, во соработка со Мисијата на ОБСЕ, учествуваа новинари од регионалните и локалните медиуми и претставници на медиумските и новинарските здруженија и организации.

2204 1

Во рамки на проектот „ЕУ поддршка за владеење на правото – подобрување на медиумската етика“, Советот за етика во медиумите (СЕММ), Здружението на новинари (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) работат на подготовка на координативен механизам за набљудување на заканите против новинарите и медиумските работници.

unnamed 1unnamed 2unnamed

DIZAJNIRANO ISTRAZUVANJE Page 01Проектот „Промовирање инклузивност и почитување на човековите права во медиумите во Северна Македонија“ стави силен фокус врз подигнување на свеста и подобрување на знаењето и вештините околу потребата за справување со дискриминацијата, дезинформациите и говорот на омраза во медиумите Повеќе од 120 претставници од медиуми, граѓански организации, државни институции, како и граѓани учествуваа на четирите дебати и двете обуки организирани во рамките на проектот. Дискутираа за релевантноста на саморегулацијата и инклузивноста во медиумската сфера и за пристапите со кои можат заеднички да ја поддржат борбата против дискриминацијата. На обуките, пак, ги осознаа пристапите за препознавање на дискриминаторски и говор на омраза во медиумите, како и за градење стратегии за ефективно дејствување против ваквите практики. Со проектот беше поддржано и издавањето на публикацијата „Говор на омраза, меѓународна и национална правна рамка, со посебен осврт на медиумите“, која претставува анализа на политиките за заштита и спречување од дискриминација и за регулирање на медиумската сфера.

Омразата и негативните чувства се резултат на сè поголемиот пад на професионалните стандарди

adamceАвтор: Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ

Говорот на омраза, дискриминацијата и дезинформациите, последниве години, станаа обележје  на новинарството кај нас. Претежно ги има во онлајн медиумите, но не се исклучени и во некои електронски и печатени медиуми.

Последиците од ваквото новинарство се околу нас. Доволно е да се видат коментарите во онлајн медиумите или контактните емисии на телевизиите и радијата. Се дезинформира, се дискриминира, се поттикнува  агресија. И сè тоа под превезот на слобода на изразување. Како никој да не е загрижен за она што се случува под објавен текст. Исто така, многу тенка е линијата која новинарите-водители им ја оставаат на гледачите и слушателите, кои лесно можат да ја преминат и да ги нарушат правилата и нормите.