Вести

Пренос во живо од седницата на Комисијата за жалби

Медиумите мора добрo да ги проверат своите информации и извори, a новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Исто така, треба да внимаваат и на речникот и термините што ги користат.

Претседателката на СЕММ во интервју за МРТ зборува за Регистарот на професионални медиуми и значењето што тој треба да го има во борбата за професионализација на интернет просторот, но и за останатите тековни активности на СЕММ и мисијата на саморегулацијата.

Медиумската саморегулација подразбира ефективна поврзаност меѓу медиумите, индустријата и јавноста. Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) силен акцент во своето работење става на внатрешната поврзаност и зајакнување на капацитетите на своите органи за размена на информации и заедничко планирање на стратегискиот развој. Во тој процес, поврзаноста и редовната соработка со јавноста е од исклучително значење. Повеќе во видеото на СЕММ „Јавноста - клучен партнер за ефективна саморегулација“, подготвено во рамки на проектот „До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија“.

“Медиумска саморегулација – резултати, предизвици, перспективи” е тема на дебатата што денеска ја организираше Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во Битола.

Онлајн медиумите кои како странки се јавуваат пред првостепените граѓански судови при одлучување во постапки за навреда и клевета мора да имаат ист третман како и традиционалните медиуми. Ова е одлуката на четирите апелациони судови во Република Северна Македонија.

Проектните активности се имплементирани во рамки на акциски грант финансиран од проектот на УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“.

Оваа активност е поддржана во рамки на проектот финансиран од ЕУ и УНЕСКО „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа и Турција“.

into vid

2018 11 28 091349

Денеска, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), организира дебата на тема “Саморегулацијата во медиумите, интересот на јавноста и граѓанска вклученост“, во хотел Милениум во Охрид со почеток во 11 часот.

„Политичката поларизација се одразува во онлајн медиумите, каде што се забележува говор на омраза и прекршување на стандардите во Етичкиот кодекс. Според СЕММ, повеќето нарушувања, вклучувајќи лажни вести и непрофесионално етичко известување, се случуваат во онлајн просторот....“