Членови на Комисија

Претседател на комисијата
Дипломира на Технолошко-металуршки факултет – хемиско инженерство. Од ноември 1979 година до ноември 2004 година има работено во “Нова Македонија” како новинар, уредник, дописник од Москва (во период од 6 години 1993-1999 година), како и главен уредник во периодот од 2002 до 2004 година. Од 2004 до 2006 година работи во списанието Порта 3. Од 2006 до 2008 година  е претседател на Совет за радиодифузија. Од 2008 до 2013 година работи во “Порта 3”.

erdem.adem

Ердем Амет

 

1991 година дипломира на Економскиот Факултет -Скопје. Од 1996 година работи како новинар  во Програмата на турски јазик на МТВ. Во 2002 година е дел од  работната група која го изготви Кодексот на новинарите на Македонија. Во 2005 година е добитник на пофалница за развојот на истражувачкото новинарство од МИМ, а во 2007 година освои второ место на конкурсот за најдобра истражувачка сторија од МИМ. Во 2007 година е избран за член на Советот на честа на ЗНМ, а во 2010 година е избран за член на Управниот одбор на ЗНМ. Од 2018 година е член на Комисијата за жалби при СЕММ.  


Теофил Блажевски
blazevski@semm.mk

Теофил Блажевски, член на Комисијата за жалби, е дипломиран новинар. Своето формално образование го  има надоградено со бројни обуки во Македонија и надвор од земјата. Има 30-годишно работно искуство во новинарството, од кои над 22 професионално и  тоа како репортер, уредник и главен уредник (9 години) во повеќе печатени и електронски медиуми, вклучувајќи ги и новите медиуми. Блажевски е долгогодишен член на Одборот и активист во Транспаренси  интернешнл - Македонија
  

Мери Јордановска
jordanovska@semm.mk

Mери Јордановска, член на Комисијата за жалби. Веќе 10 години работи како истражувачки новинар. Од неделникот Фокус таа премина во Балканската истражувачка мрежа (БИРН), каде што работи теми и анализи за актуелните политички случувања во Македонија, судството, криминалот и корупцијата. Јордановска има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство, добитник е на балканската стипендија за новинарска извонредност и е еден од авторите на базата на податоци за истражувањена медиумската сопственост „Медиа Педиа“.

  

Сефер Тахири
tahiri@semm.mk

Д-р Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби, има дипломирано на Катедрата за новинарство при Правниот факултет во Скопје, а магистерски студии завршува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на студиската програма Комуникации. Магистрира со одбрана на теза на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на комерцијалните телевизии“, а докторира на Њујорк Универзитетот-Скопје, каде ја одбрани докторската дисертација на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“.
Од 2008 година и актуелно предава на групата предмети од областа на медиумите и комуницирањето при Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во 2009 година беше ангажиран и на Катедрата за новинарство при Државниот универзитет во Тетово.
Тахири има 15-годишно новинарско искуство. Од 1998-2000 беше новинар и уредник во весникот Факти, од 2000 до 2006 година беше уредник на вестите и заменик на главниот уредник на Програмата на албански Јазик на МТВ, а од 2006 до 2008 година заменик на главниот уредник на Телевизијата АЛСАТ-М. Во 2010 година беше уредник на веб - страницата на АЛСАТ-М. Паралелно со ангажманот во националните медиуми, од 2001 до 2011 година беше дописник на Радио Слободна Европа од Скопје-Програма на албански Јазик. Има учествувано во различни истражувачки проекти, реализирани од страна на Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

 

 

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија