Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во партнерство со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, а врз основа на меѓународните конвенции, Законот за правда за децата, Кодексот на новинарите и Насоките за професионално известување во онлајн медиумите, ги објавува следниве препораки.
Препораките за етичко известување за деца и млади се изработени во рамки проектот „ЕУ поддршка за подобрување на медиумската етика”, финансиран од Делегацијата на Европската Унија.