Calls

logo cmem 001

Оглас за ангажирање на член во Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во согласност со Статутот, распишува оглас за избор на еден (1) член на Комисијата за жалби, претставник од јавниот живот.

Краток опис:
Комисијата за жалби е составена од 7 членови и има мандат од четири години. Двајца од членовите се предлог на сопствениците на медиумите - членки на СЕММ, двајца се новинари по предлог на Здружението на новинари на Македонија и тројца се избираат по пат на јавен оглас. Комисијата за жалби се состанува по потреба, а најмалку еднаш месечно. Начинот на работата на Комисијата се регулира со посебен правилник.

 

Критериуми за избор:

  • Завршено најмалку високо образование (за предност се смета завршен повисок степен на образование од областа на комуникологијата, новинарството, правото, интеркултурните комуникации и сл.)
  • Лицето е потребно да биде експерт и да има работно искуство од областа на медиумите, етиката во новинарството, медиумското право и други сродни области
  • Претставникот на јавниот живот, кој се избира со овој оглас, не треба да е активен новинар или професионално ангажиран во медиумите
  • Да не биде носител на јавна функција, политичар, истакнат партиски активист, член на партиски тела или активисти во партиски штабови

 

Работни обврски на членовите на Комисијата:

  • разгледуваат жалби од граѓани, правни лица, граѓански и меѓународни организации во врска со објавените содржини во медиумите (печатени, електронски и Интернет портали)
  • донесуваат одлуки по жалбите во врска со евентуални прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија, Декларацијата на принципи за однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинари, и сл.;
  • упатуваат препораки до уредниците и медиумите за да не дојде до прекршување на Кодексот
  • усвојуваат насоки и упатства врз основа на толкувањето на одредбите од Кодексот
  • иницираат сопствени анализи, дискусии и испитувања на одделни значајни прашања поврзани со одредбите од Кодексот
  • разгледуваат резултати од мониторинг и од истражувања на почитувањето на професионалните стандарди во медиумските содржини
  • ја следат примената и поставуваат прашања за кршењата на етичкиот кодекс за професионално медиумско известување
  • учествуваат во активности за информирање на јавноста за работата на Комисијата за жалби и запознавање со начините на кои функционира ова тело.

Рок и начин на доставување на пријавите:
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија и писмо за мотивација на konkurs@semm.mk (со назнака за огласот за член на Комисија за жалби во СЕММ), најдоцна до 25 јануари 2019 година.