Calls

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) за потребите на акциски грант поддржан од страна на УНЕСКО Париз кој ќе се спроведува до јуни 2018 година објавува оглас:

Работна позиција: Проектен координатор (договор на дело)

Локација: Скопје

Времетраење на ангажманот: половина работно време во период од 4 месеци, со можност за продолжување

Клучни работни обврски:

-       Ги координира активностите предвидени во Проектот

-       Комуницира со други партнерски организации во врска со спроведување на Проектот

-       Го претставува Проектот во комуникацијата со надворешните соработници

-       Управува со севкупната проектна документација и административното и канцелариското работење на Советот;

-       Управува со архивата и архивското работење

-       Го координира работењето на Проектниот асистент, во согласност со акцискиот план и другите задачи во рамки на Проектот

-       Обезбедува логистичко – техничка поддршка на извршната канцеларија и другите тела на Советот;

-       Го планира и следи оперативниот буџет за работење на канцеларијата;

-       Планира, следи, спроведува, координира и извршува други задачи во врска со потребите на канцеларијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

– Високо образование во општествени науки;
– Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација, и тоа најмалку 5 години
– Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Оutlook,Powerpoint);
– Одлично познавање на англиски јазик, а познавањето на албански јазик ќе се смета за предност
– Силни организациски и комуникациски вештини.

Секој заинтересиран треба да поднесе:

  1. Кратка биографија;
  2. Детали од работните обврски по позиции;
  3. Писмо за мотивација;

Потребните документи за аплицирање се испраќаат на следнава електронска адреса: info@semm.mk до 14.07.2017 година до 17:00 часот, со наслов “Апликација за Проектен координатор“.
Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју.