Calls

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објавува оглас за вработување на едно лице на работно место

Помлад координатор на програми, на определено време (замена за породилно отсуство)

Локација: Скопје

Времетраење: определено на 9 месеци (полно работно време)

Клучни работни обврски:

-  Управување со административното  и канцелариското работење на Советот

-  Управување со архивата и архивското работење на Советот

-  Планирање и координација на логистичкото и техничкото функционирање на Извршната канцеларија

-  Планирање и следење на оперативниот буџет за работење на канцеларијата

Комуникација со релевантни институции, оранизации, соработници и со граѓаните за потребите на Советот

- Kомуникација и дневно работење во врска со финансиско-административни прашања

- Планирање и следење на оперативниот буџет за работа на канцеларијата и учество во подготовка на финансиски планови

- Учество во реализација на програмските и проектните активности на Советот

- Учество во подготовка на планови и програми за развој на Советот

- Следење на известувањето во медиумите и подготовка на прес-клипинг

- Учество во содржинско уредување на веб-страницата и профилите на социјалните мрежи на Советот.

 

Потребни квалификации

  • Високо образование
  • Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација, и тоа најмалку 5 години
  • Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint)
  • Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
  • Силни организациски и комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа

Заинтересираните е потребно да поднесат:

1. Кратка биографија
2. Мотивациско писмо 
3. Детали од работните обврски по позиции 
4. Референци од претходни работни места.

Документите за аплицирање потребно е да се испратат на следната електронска адреса: info@semm.mk, до 15.09.2017 година до 17:00 часот.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот по електронски пат 8 дена по затворање на конкурсот.