Социјалните мрежи, колку што се корисни, толку и се комплексен простор за управување од страна на медиумите. Тие таму се соочуваат со бројни предизвици. Нивните информации се објавуваат на платформи на коишто дејствуваат и други креатори на содржини, коишто неретко шират лажни наративи, дезинформации, говор на омраза, итн. За ова и други прашања, повеќе во анализата на СЕММ „Новинарството, социјалните мрежи и саморегулацијата: можности и предизвици“.
Анализата е подготвена во рамки на на проектот „Градење доверба во медиумите и Југоисточна Европа – Фаза 2“, финансиран од УНЕСКО и од Европската Унија..