Терминот „говор на омраза1“ се користи за именување на широк спектар од комуникациски средства за ширење на омраза и нетрпеливост.
Како поим тој ги поврзува двата пола на комуницирањето и на насилството, односно преку различни симболичко-знаковни форми ги отсликува односите помеѓу комуницирањето и насилството, како што се, на пример, насилството предизвикано од омраза или, пак, кривични дела од омраза.
Секој говор на омраза не резултира во физичко насилство, но во најголемиот број случаи тој се повикува на насилството, се заканува со него или го презентира како најдобро или единствено средство за разрешување на некој конфликт или различност. Во свеста на оној кој користи говор на омраза „потребата од насилство“ се оправдува и се прифаќа како неопходно средство за надминување на некој постоечки конфликт.