Публикации

chrome nFlKFLn6mZИзвестувањето од подрачје на вооружен конфликт/ војна е најголемиот предизвик за медиумските работници, но и најкомплицираната и најтешката работна задача. Освен тоа што самите воени активности носат ризик по безбедноста на работните услови и ризик да го изгубат животот, медиумските работници се изложени и на низа други опасности на терен. Кога една држава е во воена состојба постојано се менуваат регулативите за тоа што е дозволено и како еден странски државјанин треба да се однесува во таа држава на терен.

Медиумски работник кој не ги познава или не ја следи промената на овие регулативи, ризикува да биде уапсен/задржан од националните власти. Новинарите и снимателите на терен, не само што треба да бидат свесни за опасностите кои им се закануваат по нивните живот и слобода на движење, туку треба да бидат и свесни дека преку своето известување или објавување на различни видови на содржини (видеа) може да предизвикаат штети со смртни последици.

Насоки за известување од подрачје со вооружен конфликт/војна