Примена на Кодексот на новинарите во онлајн сферата
Кодексот на новинарите се однесува на сите новинари и се применува врз сите медиуми. Сепак, заради подобра и поефикасна примена на овој Кодекс во онлајн сферата, неопходно е да се дадат соодветни толкувања и насоки за новинарите кои работат во онлајн медиумите. Под онлајн медиуми, во овие Насоки, се подразбираат сите електронски публикации кои имаат посебни веб страници и кои редовно објавуваат новинарски уредени актуелно-информативни содржини наменети за општата јавност.