anetaАнета Андонова - Уредник на Образовна програма на МТВ1. Андонова е магистер по медиуми и комуникации. Има повеќегодишно работно искуство во медиумите. Своите, жанровски различни проекти ги реализирала и во печатените и во електронските медиуми. Учествувала на Обуката за млади новинари на CIRCOM REGIONAL European Association of Regional Television, Школа за  млади новинари Еcole de journalisme Мontpellier- Монтпелие, Франција, Интернационален самит на Младински совет – Стразбур, Франција, Учество на Интернационална младинска школа - Барселона, Обука на новинари на BBC. Добитник е на повеќе награди и признанија за својата работа.