maja slikaMаја Јовановска е дипломиран новинар со 19 годишно искуство во повеќе медиумски куќи: А1, Канал 5, Алсат М и интернет порталот НОВА ТВ. Денес работи како новинар во Истражувачката лабораторија на Македонија (ИРЛ), во чија продукција е емисијата Проверено која се емитува на Телевизија 24.

Јовановска работи теми и анализи за актуелните политички случувања во Македонија, судството, криминалот и корупцијата. Има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија.