зоран фиданоскиавтор: Зоран Фиданоски, новинар, член на Советот на АВМУ  

Постојат мноштво дефиниции и научни објаснувања за тоа што е синергијата, што претставува и какви се нејзиното значење и вредност. Сублимирано во неколку збора, таа е енергија што настанува при заедничко работење и дејствување. Потекнува од грчкиот збор “synergos“ и со неа, всушност, се опишува состојба кога целината што се создава е поголема и повредна со збирот на нејзините делови.

Кои се точките за кои може да се постигне синергија меѓу регулаторот за електронски медиуми, саморегулаторното тело и Oмбудсманот? Постојат неколку, но сигурно е дека говорот на омраза и дискриминацијата е најзначајната меѓу нив. Таа отвора широко поле за дејствување и соработка која ја имаше и во минатото, но сигурно е дека треба да се зголеми и по обем и по квалитет и во иднина.

1 1автор: Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ

Граѓанските организации кои работат на промоција на човековите права, како и оние во медиумскиот сектор редовно иницираат јавни дебати за опасноста од говорот на омраза и последиците кога тој не се санкционира.

На овие дебати учествуваат меѓународни и локални познавачи на теми поврзани со говорот на омраза, дискриминацијата и слободата на изразување и се дискутира за новите трендови во земјата и регионот по однос на овие прашања. Ретко, а можеби и никогаш овие теми јавно не се отвораат од страна на институциите на извршната власт или правосудството. Зошто е тоа така?

Наташа Стојановиќавтор: Настасија Стојановиќ, МЦГО

Поттикнати и образовани млади луѓе, кои ги препознаваат своите улоги во општеството, се клучот за позитивни промени во сегашноста, но и во иднината. Многу често слушаме дека младите се иднината, но за да бидат двигатели на позитивни промени во иднина, тие мора уште денес да бидат одговорни и активни граѓани. Најважната улога во овој процес ја има образованието и ме радува што оваа улога е и препознаена.

vane trajkov photoавтор: Ване Трајков, новинар

,,Не само да се објави, туку и да се внимава на коментарите по социјалните мрежи по постирањето на информациите,  оти  тие ќе паднат во втор план, а на површина ќе излезе преголемата слобода на говорот, со многу навредливи коментари и говор на омраза што може да предизвика огромни последици. Уште покатастрофални ќе бидат последиците ако, пак, информацијата е нецелосна, непоткрепена со факти и аргументи“. Вака посочи професорката од едно училиште, откако одделни медиуми презедоа  и објавија видео создадено од малолетници и објавено на социјалните мрежи, а во коешто се прикажува „непромислен“ потег на 12-годишно момче, ученик со попреченост. Непосредно потоа се покрена лавина на реакции, пцости и повици за линчување, поради што мораа да интервенираат и надлежните за да се ,,спаси’’ момчето,  кое инаку е од социјално ранливо семејство, а е вклучено во рамките на инклузивен образовен процес.  Коментарите на социјалните мрежи стигнаа и до дискриминација по верска основа, бидејки момчето беше од немнозинска заедница ,а притоа неговиот идентитет како малолетник воопшто и не беше заштитен.

Vlado Krstovski

автор: м-р Владо Крстовски, програмски менаџер, „Порака“

Повеќе важни теми поврзани со медиумското портретирање на маргинализираните групи граѓани, вклучувајќи ги лицата со попреченост беа тема на онлајн дебатата на Советот за етика во медиумите со наслов „Улога на медиумите и образованието во адресирањето на дискриминацијата и говорот на омраза“. Учесниците се осврнаа на значењето и улогите на медиумите и образованието за подигнување на јавната свест и намалување на дискриминацијата во нашето општество.

Sefer Tahiriавтор: Сефер Тахири

Во последните месеци, светот, освен со ковид 19, се соочува и со лажните вести, но и со политичко/ партиско инструментализирање на новонастанатата ситуација со вирусот. Нажалост, во земјата може да се евидентираат и новинарски содржини во дел од медиумите во кои се детектира и етничка наклонетост и пристрасност!

zoran andonov slikaавтор: Зоран Андонов, новинар

Деновове ме среќава мајка на дете со церебрална парализа, член на здружението од Тетово, и ме прашува дали овие деца ќе добијат нешто со најновите мерки од Владата. Ѝ велам „не, не е предвидена никава помош за лицата со посебни потреби“. Тажно ме погледа и тивко рече: „Како досега, така и отсега, нас сосем нè заборавија, како да сме невидливи, како да не постоиме. Сите примија по некој денар, и пензионери, и работници по фирми, ученици, студенти, само ние не. Зошто е вака? Се плашат и нас да нè помогнат или воопшто не им е грижа дека постојат некои лица на кои навистина им е потребна помош, лица кои 24 часа на ден со борат со болката која се вика попреченост на нивните деца. Само се прашувам, до кога вака, до кога вака?!“ ми вели мајката и тивко си заминува.

Вики Чадиковскаавтор: Виолета Чадиковска, новинарка

Несанкционирањето на говорот на омраза во земјава прeтставува сериозен предизвик за спречувањето на неговото ширење. Социјалните мрежи и онлајн медиумите го интензивираа влијанието  на ширењето на говорот на омраза и дискриминацијата,  во време кога светот е исправен пред пандемијата од КОВИД-19. Компаративните анализи укажуваат дека присуството на говорот на омраза е намалено кај традиционалните медиуми, но затоа, пак, бележи прогресивен раст онлајн. Во земјава, засега,  има само една судска разрешница поврзана со говорот на омраза, а тоа е сериозен проблем.

MMM 8739автор: м-р Дејан Андонов
стручњак за медиуми и комуникации
Институт за комуникациски студии

Од март годинава, пандемијата „Ковид-19“ создаде огромна потреба за вести и ја стави на прв план важноста напрофесионалното новинарство и пристапот до проверени информации. Ширењето на коронавирусот, критичните ситуации во здравствениот систем, заштитните мерки, итните владини политики, штетите од физичката изолација- „Ковид-19“ е тема за која медиумите најинтензивно известуваат. Но, со истата брзина на вирусот се шират имногу невистини преку онлајн порталите и социјалните мрежи кои отежнуваат општеството правилно да реагираи да се справи со пандемијата. Па, пристапот до веродостојни информации стана прашање на живот и смрт. Здравјето на луѓето не зависи само од здравствената заштита, туку и од пристапот до точни информации за заканите од коронавирусот и како да се заштитат себеси, нивното семејство и нивното опкружување. И оваа криза ја покажа потребата од новинарите во општеството, кои имаат клучна улога во обезбедувањето на витални информации за јавноста.

Teofil2автор: Теофил Блажевски

Борбата против лажните вести бара обединување на медиумската заедница

Заедничко дејствување на медиумските организации и експерти за краткорочни и долгорочни ефекти од борбата против лажните вести и друго неетичко информирање на јавноста е нужност

Кога во Скопје имаше голем број жртви од поплавата предизвикана од невремето што го зафати пред четири години, во 2016 –тата, проблемот со лажните вести во медиумите во земјата не беше многу видлив, ниту квантитативно, ниту квалитативно. Тој проблем и кога се појавуваше видливо дотогаш се однесуваше најмногу на политичкото битисување и на тогашната војна меѓу власта и опозицијата за излез од тешката политичка криза, која практично започна уште во декември 2012-тата година.

DSC 3688rавтор: Мартин Петровски

По почетокот на глобалната криза која настана поради пандемијата, редакциите на медиумите, како во светот, така и во државата се соочија со бројни предизвици. Со оглед на брзината на ширење на КОВИД-19, раководството на медиумите се најде исправено пред предизвикот да носи одлуки за тоа како да се одржи работењето на редакцијата чија работа, примарно, се заснова на контакт со луѓе, дури и во услови кога експертите за јавно здравје и владините претставници наметнуваа социјална изолација.