DIZAJNIRANO ISTRAZUVANJE Page 01Проектот „Промовирање инклузивност и почитување на човековите права во медиумите во Северна Македонија“ стави силен фокус врз подигнување на свеста и подобрување на знаењето и вештините околу потребата за справување со дискриминацијата, дезинформациите и говорот на омраза во медиумите Повеќе од 120 претставници од медиуми, граѓански организации, државни институции, како и граѓани учествуваа на четирите дебати и двете обуки организирани во рамките на проектот. Дискутираа за релевантноста на саморегулацијата и инклузивноста во медиумската сфера и за пристапите со кои можат заеднички да ја поддржат борбата против дискриминацијата. На обуките, пак, ги осознаа пристапите за препознавање на дискриминаторски и говор на омраза во медиумите, како и за градење стратегии за ефективно дејствување против ваквите практики. Со проектот беше поддржано и издавањето на публикацијата „Говор на омраза, меѓународна и национална правна рамка, со посебен осврт на медиумите“, која претставува анализа на политиките за заштита и спречување од дискриминација и за регулирање на медиумската сфера.

Оваа публикација ги сумира спроведените активности и ги содржи главните заклучоци и препораки произлезени од проектот „Промовирање инклузивност и почитување на човековите права во медиумите во Северна Македонија“, што Советот за етика во медиумите во Македонија го спроведе во периодот 01.07.2020 – 28.02.2021 година, со поддршка од Канадскиот фонд за локални иницијативи.

ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА СО ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИВНОСТ ВО МЕДИУМИТЕ