„Mеѓусекторката соработка на Советот за етика во медиумите со сите важни чинители за адресирање на проблемот со говорот на омраза и дискриминацијата е од клучно значење во неговото искоренување“, истакна извршната директорка на СЕММ Марина Тунева на дебатата „Поврзување меѓу саморегулаторното тело, регулаторот за радиодифузни медиуми и Народниот правобранител во заштитата на човековите права и реакцијата на говорот на омраза во медиумите“ што се одржа на 30 ноември, 2020 година.

katerina sinadinovskaСпоред, Катерина Синадиновска, претседателка на УО на СЕММ, „говорот на омраза не е само прекршување на новинарските стандарди, туку и кривично дело и може да предизвика и злосторство од омраза. Гледајќи кон говорот на омраза во медиумите како општествен проблем, неопходно е вклучување на сите актери за негово сузбивање, вклучително и на инструментите на државата, односно казнувањето и санционирањето на оваа појава“.   

„СЕММ е организација која не изрекува казни, туку одлуки со морална содржина и битката што ја водиме со говорот на омраза и adamcevskiдискриминацијата по разни основи може да се обедини со напорите на Омбудсманот за соработка, токму во поглед на нарушувањето на човековите права“, истакна претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски. Агенцијата по свое наоѓање, рече Адамчевски, бидејќи не е надлежна за етиката во радиодифузните и печатените медиуми, кога добива жалби или утврдува неетичност се обраќа до нас да се изјасниме. Лани од страна на Агенцијата до Комисијата за жалби при СЕММ беа упатени четири жалби. Во две од нив беше утврден говор на омраза и дискриминација, објасни Адамчевски, додавајќи дека и од Народниот правобранител, уште во првата година од основањето на СЕММ, биле упатени претставки против редица портали.

Емилија Петреска-Камењарова, раководителка на Одделението за човекови права и медиумска писменост, од Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, истакна дека говорот на омраза е една од важните области каде Агенцијата може да соработува со СЕММ и предложи продлабочување на соработката во случаи кога СЕММ ќе добие претставка за радиодифузер. Таа објасни дека по измените на ЗААВМУ од 2018 година, беше воспоставена практика сите извештаи од надзорите за член 61 и изречените мерки да се испраќаат во СЕММ, за да бидат разгледани и од Комисијата за жалби од аспект на почитувањето на Кодексот на новинарите на Македонија. Сметаме дека токму постапувањето во ваквите случаи е точка на која треба да се договориме за подобра соработка, можеби и во смисла на тоа кога во Агенцијата ќе стигнат вакви претставки или по службена должност ќе забележи проблематична содржина да не анализира АВМУ, туку веднаш сѐ да се праќа кај СЕММ. И на полето на медиумската писменост се преземаат низа активности зашто ова прашање е тесно врзано со остварувањето на основното човеково право за слобода на изразување во медиумски посредуваната реалност на 21 век.

Маријан Поњавиќ, државен советник во Одделение за заштита од дискриминација и соодветна и правична застапеност кај Народниот првобранител истакна дека “во предметите каде што има елементи на говор на омраза, Народниот правобранител е спречен директно да постапува, пред сè затоа што се работи за кривична материја, а воедно и поради немањето надлежност за постапување кон субјектите од приватниот сектор кои во најголем број на случаи се сторители на говор на омраза или, пак, овозможуваат на поединци да ги користат нивните бази за пласирање на говорот на омраза. „Тука, пред сè, би алудирал на медиумите и порталите, каде што говорот на омраза е најизразен и каде повеќепати сме реагирале индиректно, односно со поднесување на одредено барање со укажување до СЕММ да постапи согласно своите надлежности“, нагласи Поњавиќ. Тој истакна дека е потребна постојана едукација и сензибилизирање на новинарската фела, којашто би придонела во справувањето со овој феномен.  

Според Снежана Трпевска, претседателка на Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС, секогаш кога се зборува за говорот на омраза онлајн треба да се има предвид дека Интернетот е носител на позитивни придобивки и ако се повикува на масовно санкционирање на постови на социјалните мрежи тоа може да доведе до друг дисбаланс. Начелото на сеопфатност, според неа, подразбира дека регулаторната рамка, законите, треба да се надополнети и со нерегулаторни приоди.

5

Дневен ред - 20.11.2020