DIZAJNIRANO ISTRAZUVANJE Page 01Проектот „Промовирање инклузивност и почитување на човековите права во медиумите во Северна Македонија“ стави силен фокус врз подигнување на свеста и подобрување на знаењето и вештините околу потребата за справување со дискриминацијата, дезинформациите и говорот на омраза во медиумите Повеќе од 120 претставници од медиуми, граѓански организации, државни институции, како и граѓани учествуваа на четирите дебати и двете обуки организирани во рамките на проектот. Дискутираа за релевантноста на саморегулацијата и инклузивноста во медиумската сфера и за пристапите со кои можат заеднички да ја поддржат борбата против дискриминацијата. На обуките, пак, ги осознаа пристапите за препознавање на дискриминаторски и говор на омраза во медиумите, како и за градење стратегии за ефективно дејствување против ваквите практики. Со проектот беше поддржано и издавањето на публикацијата „Говор на омраза, меѓународна и национална правна рамка, со посебен осврт на медиумите“, која претставува анализа на политиките за заштита и спречување од дискриминација и за регулирање на медиумската сфера.

fullМедиумите и граѓанскиот сектор се клучни актери во процесите на превенција и справување со феномените како што се дискриминацијата, дезинформациите и говорот на омраза, кои во изминатата година беа во пораст во јавната сфера во Северна Македонија. Медиумите се еден од актерите кои имаат голема одговорност во однос на заштита на публиката од дискриминација и говор на омраза, како и во пресретнувањето на дезинформациите кои водат кон создавање на овие појави.

Плодна дискусија и разновидна дебата во која беше направен вистински пресек и приказ на тоа како се претставени ранливите категории во македонското општество и со какви предизвици се соочуваат тие за да си го изборат заслуженото место во него. Затоа што секој човек е еднаков со другиот, и тие не треба постојано да го докажуваат тоа.

Вака накусо, со неколку зборови, може да се каже резимето на работилницата насловена како “Против стереотипи и дискриминација со инкулузивно медиумско известување“, организирана од Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, на која повеќе релеватни познавачи на статусот на ранливите категории говореа првенствено како тие се претставени во јавноста од медиумите и како воопшто јавноста ги перцепира нив, низ призмата на медиумското известување.

DIZAJNIRANO ISTRAZUVANJE Page 01Во последните две децении поимот „говор на омраза“ стана доминантен концепт за означување на разни форми на дискриминаторски изрази, вклучително изрази кои поттикнуваат на насилство кон припадници на одредени групи дефинирани по расна, верска, етничка или друга основа, изрази што пропагираат идеи за идентитетска (расна, верска, етничка,итн.) супериорност на едни групи врз други, изрази што вклучуваат груби навреди, понижување, или каков било друг израз (вербален, текстуален,визуелен, итн.) на злоупотреба насочена кон поединци или групи дефинирани по одредена идентитетска основа.

ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕЃУНАРОДНА И НАЦИОНАЛНА ПРАВНА РАМКА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА МЕДИУМИТЕ

„Mеѓусекторката соработка на Советот за етика во медиумите со сите важни чинители за адресирање на проблемот со говорот на омраза и дискриминацијата е од клучно значење во неговото искоренување“, истакна извршната директорка на СЕММ Марина Тунева на дебатата „Поврзување меѓу саморегулаторното тело, регулаторот за радиодифузни медиуми и Народниот правобранител во заштитата на човековите права и реакцијата на говорот на омраза во медиумите“ што се одржа на 30 ноември, 2020 година.

„Говорот на омраза не е нешто ново, но борбата со него не сопира. Изминатите години направени се голем број истражувања и анализи во однос на говорот на омраза и во нив јасно се констатирани состојбите. Се укажува на слабостите на системот, на правозаштитните органи и институции“, истакна Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ на дебатата посветена на говорот на омраза и дискриминаторните практики во медиумското известување.

Претставници на професионалните медиумски и новинарски организации во државата, студенти по комуникации, претставници на граѓанскиот сектор и новинари учествуваа на дебатата што се реализира на 27 август 2020 година.