Gazeta

nastan 05 12 2017

„Јавноста постојано реагира на случаите на непрофесионално известување. И тоа е добро. Тоа значи дека граѓаните се’ повеќе ги препознаваат матриците на пропагандно и мисионерско известување. Досега до СЕММ се пријавени над 220 случаи не неетичко информирање“, рече извршната директорка на Советот Марина Тунева, на денешната дебата во Тетово.

Претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, на средбата ја нагласи важноста од натамошна силна поддршка на саморегулацијата, преку зголемување на членството во Советот, под услов да се почитуваат критериумите за доследно и професионално известување.

„Саморегулацијата може да придонесе кон зацврстување на професионализмот и почитувањето на професионалните стандарди, со цел потврдените вести да го заземат местото во информативниот простор, наместо тоа да бидат лажните вести кои што го заменуваат новинарството со пропаганда. На последните избори имаше подобрување на медиумското известување, но треба да се работи уште повеќе на намалување на пристрасноста и политичката недистанцираност на медиумите“, рече Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби.

Во досегашните одлуки, како што информира Филип Ѓурчиновски од Комисијата за жалби, најчесто се прекршуваат членовите од Кодексот на новинарите кои се однесуваат на точноста на информациите, правењето разлика меѓу фактите и мислењата, вестите и коментарот, на говорот на омраза и дискриминацијата, избалансираноста, како и и непристрасноста при известувањето за политички процеси.