Aneta170 220Анета Андонова - Уредник на Образовна програма на МТВ1. Андонова е магистер по медиуми и комуникации. Има повеќегодишно работно искуство во медиумите. Своите, жанровски различни проекти ги реализирала и во печатените и во електронските медиуми. Учествувала на Обуката за млади новинари на CIRCOM REGIONAL European Association of Regional Television, Школа за  млади новинари Еcole de journalisme Мontpellier- Монтпелие, Франција, Интернационален самит на Младински совет – Стразбур, Франција, Учество на Интернационална младинска школа - Барселона, Обука на новинари на BBC. Добитник е на повеќе награди и признанија за својата работа.

fatljume dervisiСтудирала во Универзитетот во Тетово, Правен Факултет, за Новинарство. Дипломирана во 2012 година. Ве период од 2013 до 2015 студирала во Универзитетот во Тирана, мастер за Односи со Јавноста. Од 2015 година работи во Телевизија Алсат М, прво како новинарка а во последно време и како уредничка. Предходно работела во Порталб (www.portalb.mk), соработувала со онлајн медиумот Види Вака (www.vidivaka.mk), Сервис за проверка на факти (www.verifikimiifakteve.mk),  Диверсити Медиа (www.diversitymedia.mk), како и со агенцијата за анкети Брима Галуп (Тетово).

maja slikaMаја Јовановска е дипломиран новинар со 19 годишно искуство во повеќе медиумски куќи: А1, Канал 5, Алсат М и интернет порталот НОВА ТВ. Денес работи како новинар во Истражувачката лабораторија на Македонија (ИРЛ), во чија продукција е емисијата Проверено која се емитува на Телевизија 24.

Јовановска работи теми и анализи за актуелните политички случувања во Македонија, судството, криминалот и корупцијата. Има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија.