За СЕММ

Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со Статутот на организацијата и со општите принципи на мисијата и визијата на СЕММ.Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со Статутот на организацијата и со општите принципи на мисијата и визијата на СЕММ.

Советот е орган за саморегулација на медиумите и својата активност, главно, ја базира врз утврдување на јавни морални санкции за оние медиуми кои не ги почитуваат професионалните/етичките стандарди, Кодексот на новинарите и Принципите на Меѓународната федерација на новинарите.

Мисија: Советот се залага за одржување и унапредување на етиката и на професионалните стандарди во медиумите, како за своите членки, така и општо во медиумската заедница во Македонија. Воедно ја следи и ќе реагира на секое нарушување на етичката и професионалната реалност генерално и силно и постојано ќе се залага за слободата на говорот, борбата против цензура и автоценцура, како и за отстранување на сите пречки за медиумите и новинарите за да работат во согласност со правилата на професијата и моралните норми во новинарството.

Визија: СЕММ се стреми медиумите во Македонија да ги прифаќаат принципите на професионалното и етичкото новинарство, постојано грижејќи се за слободата на мислата, на говорот и интересите на јавноста. Истовремено, ја поттикнува јавноста да ја поддржува саморегулацијата и да придонесе медиумите да бидат непристрасни, независни и урамнотежени во својата работа.