Извршна канцеларија

image

Марина Тунева
извршен директор на Советот на етика во медиумите на Македонија

Доктор по студии на културата, чија дисертација е на тема „Улогата на комуникациските стратегии во мултикултурните општества: студија на случај Охридски рамковен договор“. Магистрира на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофски факултет во Скопје, а заврши постдипломски студии по дипломатија на Универзитетот во Малта. Дипломира на интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Марина Тунева е извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија од 2015 година. Од 2008 година е предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Нејзиното претходно работно искуство опфаќа работа во меѓународни проекти во рамки на УНДП и УСАИД и во Македонската информативна агенција. Во периодот од 2012 – 2014 година, Марина Тунева беше член на координативното тело на програмата МЕДИАНЕ на Советот на Европа и Европската унија. Автор е на публикациите „Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации“, „Прирачник за известување за различностите“, „Вовед во односите со јавноста“ и „Како да комуницирате со медиумите“.

image

Марина Ивановска
координаторка на програми во Советот за етика во медиумите на Македонија

Дипломира социјална работа и социјална политика на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а специјализира психосоцијален пристап во социјалната работа на Универзитетот во Загреб. Магистрираше во областа на човековита права и демократијата на универзитетите во Сараево и Болоња. Во граѓанскиот сектор е вклучена од 2005 година. Има соработувано во голем број проекти за зајакнување на ранливи категории граѓани, човекови права и демократија. Во СЕММ започна да работи во јануари 2015 година.