Соопштенија

Советот за етика во медиумите на Република Македонија, имајќи ги предвид најновите случувања во сферата на безбедноста и политичките превирања во државата, апелира до сите медиуми да информираат на професионален и урамнотежен начин, почитувајќи го принципот на известување низ факти и следење на јавниот интерес.

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, а со тоа и до поголема доверба кај јавноста, е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 11 мај во Штип.

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, а со тоа и до поголема доверба кај јавноста, е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 12 мај во Струмица.

Почитувани,

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија изразува сериозна загриженост поради двосмисленоста на соопштението лиферувано од Обвинителството на ден 03.02. 2015 г. со кое предупредува веднаш да запре објавувањето и емитувањето видео и аудио материјали по обзнанувањето на акцијата “Пуч”, притоа неценејќи ги актуелните политички и социјални состојби.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ги отфрла шпекулациите што во текот на вчерашниот и денешниот ден се појавија во некои медиуми околу причините за разрешување на Лидија Богатинова како член на Комисијата за жалби при Советот.

Советот за етика во медиумите на Македонија деновиве разгледува повеќе случаи на прекршување на етичките стандарди во известувањето, меѓу кои и неодамнешната изјава на Миленко Неделковски дадена за ТВ Сител од Кавадарци, како и неговата емисија емитувана на Канал 5 телевизија на 15 февруари. Советот принципиелно ги осудува сите кршења на етичките и професионалните стандарди во новинарското известување, а особено кога станува збор за случаи во кои станува збор за ширење говор на омраза.

Советот за етика во медиумите на Македонија изразува сериозна загриженост по сознанието за прислушувањето новинари, сметајќи дека со тоа се нанесува голема штета и последици врз работата и угледот на новинарите и врз работењето на медиумите воопшто.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) е загрижен и ја осудува одлуката на Апелациониот суд и итното ириведување во затвор на новинарот Томислав Кежаровски. Сметаме дека со ваквата одлука се испраќа порака за самоцензура до сите новинари во државата.

Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) го осудува бруталното убиство на новинарите од францускиот магазин „Шарли ебдо“. 

Совет за етика во медиумите на Македонија