Соопштенија

По повод најавените парламентарни избори, Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, во понеделник, 5 септември, во 10:30 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе одржи прес-конференција.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на објавувањето видео-снимка од неодамнешниот инцидент во Куманово кога лице со автомобил прегази цело семејство, меѓу кои и малолетно лице кое им подлегна на повредите.

Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, утре, 29 јуни (среда), во 10:00 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат претставени активностите на СЕММ и досегашните резултати од работењето на Комисијата за жалби.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денес, 18 мај, со почеток во 14:30, во хотелот Арка, во Скопје, организира регионална конференција на тема „Предизвици на советите за етика во регионот на Балканот“.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод Светскиот ден за слободата на медиумите, потсетува дека професионалното новинарство е суштински елемент за функционална демократија и остварување на интересот и правата на граѓаните за пристап до вистинити и објективни информации.

Советот за етика во медиумите, набљудувајќи го медиумското известување по најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните, повторно ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да послужат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството. Имајќи го предвид фундаменталното право на слобода на медумите, ги потсетуваме новинарите и уредниците дека медиумските извештаи мора да ја содржат вистината и да не иницираат полемики и дискусии со кои ќе се разгорат тензиите и ќе се влошат односите меѓу граѓаните.

Советот за етика во медиумите остро реагира на тенденциозното известување на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство.

Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, утре (10 март), во 13:30 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат претставени тенденциите во медиумското известување по потпишувањето на Повелбата за етичко известување за изборите.

Советот за етика во медиумите на Македонија, по најновите случувања во општина Бутел, ги потсетува медиумите на одговорноста за внимателно, објективно, вистинито и веродостојно информирање на јавноста.

Советот за етика во медиумите на Македонија, по повод најновите случаи на непрофесионално известување во одредени медиуми, повторно ги повикува новинарите и уредниците да ги отстранат таквите практики во своите редакции и да се стремат кон професионално информирање и заштита на професијата преку исклучиво служење на интересот на јавноста.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по вчерашниот разговор во информативната емисија на Телевизија Сител во 19:00 часот, изразува сериозна загриженост поради непрофесионалното однесување на главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ – Латас и непристојниот и несоодветен третман кон гостинот Зоран Заев.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на денешната прес-конференција, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, ја претстави иницијативата за потпишување Повелба за етичко известување на медиумите за време на изборите.

Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, утре (5 февруари), во 10:00 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе биде претставена Повелбата за етичко известување за изборите.

Советот за етика во медиумите на Македонија  на 11 ноември (среда), со почеток во 11 часот, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово го организира настанот “Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите – досегашни искуства и планови “.

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудува физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот и уредник на интернет порталот Мактел, Саше Ивановски.

Се обединија телата за саморегулација во медиумите од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Под покровителство и на иницијатива на Совет на Европа, на дводневната конференција во Будва, Црна Гора, беше официјализирано основањето на Медиа НЕТикс - Мрежата на тела за саморегулација во медиумите во Југоисточка Европа.

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ), закажана за 12 јуни, во Куманово.

Советот за етика во медиумите на Република Македонија, имајќи ги предвид најновите случувања во сферата на безбедноста и политичките превирања во државата, апелира до сите медиуми да информираат на професионален и урамнотежен начин, почитувајќи го принципот на известување низ факти и следење на јавниот интерес.

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, а со тоа и до поголема доверба кај јавноста, е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 11 мај во Штип.

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, а со тоа и до поголема доверба кај јавноста, е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 12 мај во Струмица.

Совет за етика во медиумите на Македонија