Соопштенија

Советот за етика во медиумите (СЕММ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ, утре (среда), со почеток во 10:30, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, организира прес-конференција, на која јавноста ќе ја информира за формирањето на Мрежата за борба против говор на омраза во медиумите.

Членките кои ќе пристапат кон Мрежата на утрешниот настан ќе ја потпишат Декларацијата против говор на омраза во медиумите.

На настанот ќе се обратат:

  • Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите
  • Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на СЕММ
  • Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ.

Декларацијата ќе ја потпишат и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.