Соопштенија

Утре, 12 декември 2018, во 19:00 часот, во МКЦ Клуб ресторанот во Скопје, Амбасадорот Самуел ЖБОГАР и почесниот претседател на жирито за наградата Жан Моне, Надежда ГАЧЕ ќе ги објават победниците на овогодинешните награди за најдобра новинарска сторија, најдобра професионална фотографија и најдобра аматерска фотографија.

На настанот ќе се обратат:

Н.Е. Самуел ЖБОГАР, Амбасадор, Шеф на Делегацијата на Европската Унија
Г-а Надежда ГАЧЕ, Директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин, Србија, и
Г-а Марина ТУНЕВА, Совет за етика во медиумите

Оваа година, по 16-ти пат, Делегацијата на Европската Унија, во партнерство со Советот за етика во медиумите ја доделува наградата Жан Моне за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија на тема "Градење доверба во несигурни времиња". Наградата за најдобра аматерска фотографија ќе се додели за темата “Нашата различност, наша сила”.

Со жирито за наградата Жан Моне оваа година претседава г-а Надежда ГАЧЕ, актуелен директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин, Србија, која има долгогодишно искуство како уредник на некои од најголемите медиуми во Србија, како ТВ Белград, Борба, Данас. Таа исто така била и претседател на Здружението на новинари на Србија.

Наградата се состои од мали статуети за сите победници и ваучер за техничка опрема во вредност од 1,000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во категоријата најдобра аматерска фотографија.

Медиумите се поканети да известуваат за настанот.

За информации во врска со ова соопштение за медиумите, контактирајте со г-а Елеонора Попоска, Офицер за печат и информации. Teл: +389 (0)2 3248 500. E-mail: Eleonora.POPOSKA@eeas.europa.eu

 

АГЕНДА

ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ
НАГРАДА ЗА МЕДИУМИ ЖАН МОНЕ 2018
Среда, 12 декември 2018
19:00 – 21:00 часот
МКЦ Клуб ресторан

19:00 – 19:15 Воведен говор од модераторот, Марина ТУНЕВА, Совет за етика во медиумите
Презентација на видеото “За слободата на изразување во еден глас”

19:15 - 19:20 Поздравно обраќање на Амбасадорот Самуел ЖБОГАР, Шеф на Делегацијата на Европската Унија

19:20 - 19:25 Поздравно обраќање на Надежда ГАЧЕ, Почесен претседател на жирито

19:25 - 19:40 Доделување на наградата за најдобра аматерска фотографија од страна на Амбасадорот Самуел ЖБОГАР и кратко обраќање на победникот

Доделување на наградата за најдобра репортерска фотографија од страна на Амбасадорот Самуел ЖБОГАР и кратко обраќање на победникот

Доделување на наградата за најдобра новинарска сторија од страна на Надежда ГАЧЕ и кратко обраќање на победникот

19:40 - 19:45 Затворање на настанот од страна на модераторот

19:45 - 21:00 Коктел

footer soo12