Соопштенија

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска, вторник, 6 ноември, со почеток во 11:15 часот, во хотел Милениум во Битола, организира конференција на тема "Слобода на изразување, медиумски слободи и саморегулација".

На настанот ќе се промовира и конкурсот на ЕУ за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата “Градење доверба во несигурни времиња”.

На конференцијата ќе се обрати и генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез.

Дневниот ред на настанот може да се погледне на следниот линк.

logo cmem 001