Соопштенија

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денес, 18 мај, со почеток во 14:30, во хотелот Арка, во Скопје, организира регионална конференција на тема „Предизвици на советите за етика во регионот на Балканот“.

На дводневниот настан, кој се организира со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија, ќе се дискутира за справувањето со говорот на омраза и дискриминацијата во медиумите, медиумската етика, како и транспарентноста и одговорноста на телата за саморегулација во медиумите.

На настанот ќе се обратат амбасадорот на Кралството Холандија Валтер Пломп и Шефот на Одделот за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ, Резарта Шуц, како и претставници на СЕММ и на советите за етика од регионот на Балканот.

На настанот ќе присуствуваат претставници на советите за етика во медиумите на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.

Медиумите се поканети да известуваат за конференцијата.