Соопштенија

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на ширење шпекулации, еднострано известување и невистини преку некои медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација и по потпишувањето на договорот за името со Република Грција. 
 
Загрижува фактот што се забележуваат случаи на известување кои содржат повици за мобилизација на граѓаните во одбрана на одредени интереси, кои неретко се пренесувани и од социјалните мрежи.
 
Потсетуваме дека медиумите не смеат да бидат злоупотребени за пренесување повици за обединување поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството, а особено на член 10 од Кодексот кој вели дека „новинарот нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа“. Медиумите мора да го почитуваат Етичкиот кодекс, бидејќи во спротивно последиците од непридржувањето кон неговите одредби би можеле да бидат фатални. 
 
СЕММ апелира на воздржаност и смирени реакции на какви било провокации од кој и да е центар на моќ, групации или поединци. Медиумите имаат особено важна улога во заштитата на граѓаните од појавата на нетолеранција и недоверба и нивна изложеност на ризик од насилство. Тие не треба да дозволат да бидат манипулирани од страна на политичарите и други поединци и групи, бидејќи тоа значи директна штета врз јавноста и граѓаните на Република Македонија. 
 
Очекуваме од медиумите да не поттикнуваат разлики и поделеност меѓу луѓето, туку да бидат посредник и платформа за активен дијалог за прашања од јавен интерес, а во тоа да се предводат од принципите на професионално известување. Потсетуваме дека потребата од професионално однесување на сите медиумски чинители се нотира и во овогодинешниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на РМ.  
 
СЕММ, исто така, апелира до институциите на системот да обезбедат максимална заштита на новинарите и безбедност при известувањето. 
 
Ова саморегулативно тело продолжува да го набљудува начинот на информирање на медиумите и ќе повикува на доследно почитување на Кодексот на новинарите и професионалните стандарди во известувањето.  
 

Отворен ден на Советот за етика во медиумите на Македонија – „Саморегулација во медиумите низ соработка и партнерство“

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на неоснованата критика на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски околу ажурноста на Советот во обработката на поднесена претставка од неговиот Кабинет за содржина објавена на Интернет порталот ДоказМ.мк.

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) категорично ги осудуваат упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани.

Показателите за бројот и видот на поплаките упатени до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во минатите три години години (2014 – 2017) покажуваат дека етичките и професионалните стандарди на новинарството најмногу се прекршуваат од онлајн медиумите (79%), а потоа од телевизиите (12,6%) и од печатените весници и неделниците (8%).

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува однесувањето на претставникот на МНР кој на вчерашната прес - конференција на посредникот Метју Нимиц се обидел да го спречи новинарот на ТВ21, Фуркан Салиу, да постави прашање, како и заканите што следувале подоцна за одземање на неговата акредитација.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на вчерашното измислено интервју со поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски во онлајн медиумот Република (republika.mk), оценувајќи го како обид за дезинформирање и манипулирање со јавноста.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во пресрет на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, цврсто останува на ставот дека е потребно да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска, петок, 29 септември, со почеток во 10:30 часот, во ЕУ инфо центарот, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат соопштени добитниците на наградите за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредување на човековите права и промовирање на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани.

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро ги осудува сите облици на физички пресметки во коишто се инволвирани новинари и апелира на воздржаност и смирени реакции на какви било провокации од кој и да е центар на моќ, групации или поединци.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува денешниот инцидент по информациите дека екипа на НОВА ТВ била нападната и попречена да го следи собирањето потписи против наводната изградба на мигрантски кампови во населбата Аеродром од страна на лице кое присустувало на настанот.

Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на својата вчерашна седница го констатира известувањето од  Драган Антоновски за оставка и ослободување од функциите претседател и член на Управниот одбор на Советот.Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на својата вчерашна седница го констатира известувањето од  Драган Антоновски за оставка и ослободување од функциите претседател и член на Управниот одбор на Советот.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот случај по информациите дека на струмичката телевизија Канал Вис не и’ било дозволено да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново село од страна на градоначалникот и советник во општината и на упатените навреди и недолични зборови кон екипата на овој медиум. Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот случај по информациите дека на струмичката телевизија Канал Вис не и’ било дозволено да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново село од страна на градоначалникот и советник во општината и на упатените навреди и недолични зборови кон екипата на овој медиум. 

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ Шења била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува на преземање на неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања.

Советот за етика во медиумите (СЕММ), по вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми, апелира за итна реакција на полицијата и Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и расчистување на инцидентите.

Советот за етика во медиумите со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудува вчерашниот физички напад на новинарската екипа на порталот А1 Он и со загриженост оценува дека инцидентот ги потврдува тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Со почетокот на изборната кампања во Република Македонија, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.

Ве информираме дека планираното редовно годишно Собрание на СЕММ за 18 ноември (петок) СЕ ОДЛОЖУВА.