Декларација за принципите на кодексот на новинари

Кодекс на Меѓународната федерација на новинарите
Декларацијата за принципите на однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинарите (усвоена на Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари -. ИФЈ во 1954 година и изменета на Светскиот конгрес во 1986 година). Оваа меѓународна декларација се определува како стандард за професионално однесување на новинарите кои се ангажирани во собирање, пренесување, ширење и коментирање на вести и информации во опишувањето на настаните.


1. Почитувањето на вистината и на правото на јавноста да дојде до вистината е првата задача на новинарите

2. Во согласност со оваа обврска, новинарот во секое време треба да ги брани принципите на слободата во текот на чесниот процес на собирање и објавување вести и на правото на фер коментар и критика

3. Новинарот ќе известува само во согласност со фактите на кои тој / таа им го знае потеклото. Новинарот не смее да потисне суштински податоци и да фалсификува документи.

4. Новинарот ќе се служи само со чесни методи за да добие вести, фотографии и документи.

5. Новинарот ќе го стори сé за да ги поправи сите објавени информации кои се неточни и може да предизвикаат штета.

6. Новинарот ќе ја почитува професионалната доверливост во однос на изворот на информации.

7. Новинарот треба да биде свесен за опасноста од дискриминација што може да се поткрепи и од медиумите и треба да направи се’ за да избегне да ја поткрепи таквата дискриминација, меѓу другото, врз основа на раса, пол, сексуална ориентација, јазик, религија, политичко или друго мислење и национално или социјално потекло.

8. Новинарот ќе ги смета за сериозен професионален прекршок следниве работи: плагијати; малициозно лажно претставување; клевети, клеветење, неосновани обвинувања; примање поткуп во каква било форма заради објавување или потиснување информација.

9. Новинарите кои се достојни да се носители на оваа професија ќе сметаат дека е нивна должност верно да ги почитуваат принципите наведени погоре. Во рамките на општото право на секоја земја, новинарот ќе признае дека во стручните работи се надлежни неговите колеги, исклучувајќи секаков вид мешање од страна на владите или другите. Извор:

http://www.ifj.org/about-ifj/ifj-code-of-principles/

Што е медиумска саморегулација?