КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПРИНЦИПИ НА ОДНЕСУВАЊЕ:
 
Слободата на медиумите е неприкосновено право.
 
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.
 
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
 
Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.
 
Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

Повеќе...

Декларација за принципите на кодексот на новинари

Кодекс на Меѓународната федерација на новинарите
Декларацијата за принципите на однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинарите (усвоена на Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари -. ИФЈ во 1954 година и изменета на Светскиот конгрес во 1986 година). Оваа меѓународна декларација се определува како стандард за професионално однесување на новинарите кои се ангажирани во собирање, пренесување, ширење и коментирање на вести и информации во опишувањето на настаните.

Повеќе...

Етички кодекс на МРТ

Со Eтичкиот кодекс на МРТ (во натамошниот текст  Кодекс) се утврдуваат правила за професионално и одговорно работно однесување и работа на вработените во МРТ, како и професионалните стандарди и етичките начела, главно во создавањето на програмата и на други аудиовизуелни производи коишто МРТ  ги произведува самостојно или во соработка со други, како и постапки за утврдување повреди на овој Кодекс.

Повеќе...

Што е медиумска саморегулација?